Разговор со педагог: “Ќерката го гледа само она што го прави нејзината мајка. Ја копира, сфаќате?”

Прашање: “Значи, велите дека девојчето не мора да се приморува да работи нешто околу домашните обврски. Но, како ќе научи да готви, да мие садови? Дали тоа знаење ќе си дојде само по себе, “ќе и’ падне од небо?”

Одговор: “Ве уверувам дека точно, “ќе и падне од небо”. Барем, така беше со ќерка ми. Кога имаше три години, ги нареди сите играчки и зеде лажица да ги рани. Јас не ја научив на тоа, сама си ја смисли таа игра.

Ако премногу го оптеретувате своето дете со домашни задачи, а сето тоа го правите под паролата “Кој ќе те ожени тебе ако не знаеш ништо да работиш” или “Женско е, мора да знае да готви”, тоа може да доведе до појава на две работи:

1.Протест: “Не сум тиј јас на тебе должна да ти готвам” и “не ме интересира тоа што ми зборуваш”;

2.Недостиг на верба во она што го работи: “Готвењето никому не му донело ништо добро…”

Ако го силите девојчето, еве, ова ќе го постигнете. Сте ја приморувале да научи нешто кога не и било време и со тоа сте ја измачиле со сопствените идеи.

Жената не смее да се одгледува со уверување дека некои работи мора да ги обавува само затоа што е жена. Таа треба да готви за своите деца и сопругот единствено ако чувствува задоволство, ако тоа го прави од чиста љубов за да им угоди на своите сакани.

Ако ќерката ја гледа својата мајка која готви со љубов за своето семејство, ја чисти куќата и ја уредува за да ја разубави, таа истото ќе го прави кога ќе порасне, кога ќе има свој маж и деца. А како тоа ние го знаеме? Со копирање, сфаќате?

Ќерката ја гледа својата мајка и ја копира. Тоа ни е во гените. Тоа е посилно од нас.

Ако вие не сакате да миете садови или да готвите, не се силите по секоја цена да му давате пример на своето дете. Немојте да глумите. Детето сè гледа. Само бидете тоа што сте и бидете среќни. Девојчето не мора да научи по секоја цена да готви, да мие садови, да ја чисти куќата, таа треба само да научи да биде среќна.

Ако за неа е среќа готвењето, причинувањето и угодувањето на своите сакани, верувајте ми дека тоа знаење ќе и падне навистина од небо!”