ТОПЧИЊА КАШКАВАЛКИ: Се прават само од 3 состојки – лапни-голтни, превкусни! Можете да ги подготвувате како прилог со салата, но и како вкусна закуска или мезе кога ќе ви дојдат пријатели на гости. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г моцарела или кашкавал по ваш избор, 1 јајце, 3 супени лажици пченкарен скроб/нишесте/густин

ПОСТАПКА: Изрендајте го кашкавалот и сипете го во подлабок сад, додајте едно јајце и скроб, па замесете со рака додека да се изедначи смесата во вид на тесто. Треба да биде средно меко и лесно да се обликува.

Кинете парчиња од него и обликувајте ги со помош на дланките во вид на топчиња со приближно еднаква големина (на орев). Во сад загрејте длабоко масло на умерена температура.

Спуштајте ги топчињата со лажица за да не им се расипе обликот и пржете ги минута-две или додека да заруменат. Вадете ги со решеткава лажица врз чинија обложена со хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија.

Садот со маслото не го преполнувајте со премногу топчиња за да не се намали температурата, но и за полесно и порамномерно да се испржат кашкавалките.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Многу вкусни кашкавалки: Брз и лесен рецепт, потребни се 5 состојки и 20 минути“ – ОВДЕ.

Многу вкусни кашкавалки: Брз и лесен рецепт, потребни се 5 состојки и 20 минути