Дури и оние што не ги сакаат пилешките крилца, го обожаваат ова јадење! Подгответе многу вкусно јадење на кое никој не може да му одолее. Послужете со компир пире и голема порција зелена или сезонска салата. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 г пилешки крилца, 1 супена лажица сода бикарбона, ладна вода, 2 супени лажици шеќер, 1-2 лажици масло, 2-3 чешниња лук, сол по вкус, 1/2 лажичка мелен црн пипер (по вкус), 1 лажичка црвен пипер во прав, 1 супена лажица соја сос, 100 мл вода

ПОСТАПКА: Пилешките крилца посипете ги со сода бикарбона и залијте ги со ладна вода колку да бидат прекриени. Промешајте и тргнете ги настрана додека го подготвувате сосот.

Во една сува тава сипете две супени лажици шеќер и загревајте на умерена температура додека да се растопи. Потоа додајте малку масло, па наредете ги пилешките крилца претходно процедени од водата и избришани со хартиена салветка.

Веднаш промешајте ги недозволувајќи им да се залепат, а водено и ќе се обложат со карамелот од двете страни. Гответе ги неколку минути додека да добијат убава карамел-кафеава боја од двете страни, а за тоа време често превртувајте ги.

Потоа додајте 2-3 рендани чешниња лук или по вкус, 1 лажичка сол или по вкус, малку црн и црвен пипер во прав, па повторно промешајте за да се распоредат зачините рамномерно насекаде. Одозгора залијте со 1 лажица соја сос и 100 мл вода.

Промешајте и поклопете, па оставете повторно да зоврие. Штом зоврие промешајте и намалете ја температурата. Гответе уште неколку минути додека сосот да згусне. Пилешките крилца се готови и спремни за послужување.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Вкусни пилешки крилца во домашна маринада – прсти да излижеш!“ – ОВДЕ.

Вкусни пилешки крилца во домашна маринада – прсти да излижеш!