ШПАГЕТИ ВО СОС СО ЌОФТЕНЦА ОД МЕЛЕНО МЕСО: Овој рецепт не сте го виделе досега, а кога ќе го пробате ова јадење ќе стане вашето омилено! Ако се прашувавте што да зготвите за утрешниот ручек, ова е фантастична идеја! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г шпагети. За ќофтенца: 400-500 г мелено месо, 1/2 мелена главица кромид, 1/2 лажичка сол, 1/2 лажичка оригано, 1/2 лажичка мелен црн пипер, 1/2 лажица толчена сува пиперка (буковец), 1/2 лажичка кари, 1 лажица сода бикарбона, 2 супени лажици лебни трошки, 1 супена лажица маслиново масло.

За сос: 1 супена лажица доматна паста, 1/2 лажичка сол, 1 лажичка сув босилек, 1 лажичка сум магдонос, 1 лажичка чили (буковец), 1 лажичка кари, 1 лажичка црвен пипер во прав, 1 супена лажица шеќер, 100 мл доматен сос, 100-150 мл вода

ПОСТАПКА: Во тенџере сипете вода со една мала лажичка сол и оставете да зоврие. Шпагетите опфатете ги во рака како сноп, палку спирално завртете ги и спуштете ги во средината од тенџерето.

На овој начин рамномерно ќе се распоредат и ќе се отворат како цвет. Бидете сигурни дека водата убаво е зовриена пред да ги ставите шпагетите да се варат. Штом водата повторно зоврие, мерете ги минутите за да бидат „ал денте“. Не ги преварувате!

За ќофтенца: сите потребни состојки сипете ги во подлабок сад и замесете со рака додека да се поврзат сите состојки. Обликувајте топчиња со големина на пинг понг топчиња, па запржете ги во тава со малку масло загреано на умерена температура.

Штом заруменат од едната страна, превртете ги и пржете ги уште неколку минути и од другата страна. Додека се пржат ќофтенцата повремено мешајте ги со шпатула за да се испржат рамномерно од сите страни.

Додајте ги сите наведени зачини за сос, промешајте, па додајте го остатокот од доматниот сос и водата. Промешајте и продолжете со готвење под капак на умерена температура додека сосот да згусне.

Не заборавајте повремено да промешате. Послужете на следниов начин: во чинија ставете процедени шпагети, а врз нив ставете неколку ќофтиња и сипете од доматниот сос во кој тие се готвеа. На здравје!

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ЗА МЕНЕ ОВА ЈАДЕЊЕ Е НАЈУБАВО: Вака се прави совршено ќофте во сос – прсти да излижеш“ – ОВДЕ.

ЗА МЕНЕ ОВА ЈАДЕЊЕ Е НАЈУБАВО: Вака се прави совршено ќофте во сос – прсти да излижеш