Тинктура од гавез за сите проблеми со коски, зглобови, нерви и кожа – нема на кој не му помогнало!

Гавезот не се консумира орално, но од него се приготвуваат најлековитите препарати за кожа, коски, зглобови и нерви, токму поради неговото својство длабоко да продира и да делува.

Моќта на гавезот најдобро ја опишува народната изрека: „Два здрави прсти ќе срасне, ако се врзат со жилички од гавезен корен“.

Овој неугледен, однадвор црн, а одвнатре белковиден или жолтеникав корен помага речиси за се’!

При кршеници, па и загноени коски, израстоци на нокти, раце и нозе, кај проширени вени, отворени вени, болки во вратот, ампутирани нозе, болки во екстремитетите после кршеница и вадење на гипсот, болки во долниот дел од ’рбетот, болки во рамената, лактите и колената, проблем со остеопороза, разни израстоци, трпење на нозете од табаните до колкот, хемороиди, ревматско задебелување на мускулите, гихт, костоболка и пореметена циркулација.

Сите видови на повреди, убоди, модринки, рани, згрутчување на крвта- ги лекува ТИНКТУРАТА направена од гавезов корен.

Гавезот содржи хормон ауксин кој со леснотија создава ново ткиво па затоа раната брзо заздравува, а алантонинот како главна активна состојка на коренот, поттикнува гранулација и регенерација на ткивото.

Гавезот е незаменлив при воспаление на ткиво, воспалени зглобови, артритис, дисторзија, контузија, хематоми, тромбофлебитис и друго.

Гавезовата тинктура завзема почесно место во козметиката за лице и раце. Одликата на оваа тинктура е да ја обновува и препородува опуштената и збрчканата кожа, посебно на брчките околу очи.

По долга употреба на тинктурата, кожата на лицето и рацете сосем се регенерира.

За надворешна употреба против гихт нема подобар лек од тинктура од гавез која кај тежок облик на гихт лесно се втријува во кожата.

Тинктурата од гавез одлично се покажала и при лекување на воспални нерви – каде на било кој дел од телото болните места се чувствителни на допир, а се пресликува на периферните нерви.

„Тинктурата од гавез во себе содржи чудесна сила. На болните кои безуспешно со години ги лекувале зглобовите и реумата со сите можни средства, тинктурата од гавез брзо ќе им помогне!“- тврди Марија Требен во книгата Билки од Божјата аптека.

РЕЦЕПТ ЗА ТИНКТУРА ОД ГАВЕЗ

Ставете 100 г корен од гавез во 700 мл силна ракија или алкохол во пластично шише, па легнете го хоризонтално да одлежи на рамно место 14 дена.

Протресувајте го шишето секој трет ден.

После 14 дена процедете и чувајте во темно стаклено шише на ладно место.

Со оваа тинктура се мачка болното место трипати дневно.

Хомеопатите тврдат дека не постои лице на кое оваа тинктура не му помогнала.

*Чист алкохол наместо ракија дава тинктура без мирис. Гавезот со ракија има малку непријатен мирис и оваа тинктура е леплива.

Loading...