Овие магични снегулки ми го излекуваа болниот ‘рбет, поради кој бев речиси парализиран

Од архивите на НМД, од пред неколку години:

Се појави голем интерес за оваа тема, бидејќи на Интернет кружи писмо кое го објави свештеникот Јан Шора каде тој тврди дека со консумирање на магнезиум хлорид го излекувал својот болен ’рбет поради кој останал речиси парализиран.

Еве што вели науката за магнезиум хлоридот:

​-Калциумот и магнезиумот се клучни за здравјето на коските

​Калциумот е важен за окостување и солидност на коската, штити од болести како што се остеопороза и кариес.

Меѓутоа, доколку калциумот не се внесува заедно со магнезиум, може да предизвика повеќе штета отколку корист, бидејќи се таложи во ткивата и може да предизвика тешки последици.

​За апсорпција на калциум потребен е магнезиум, а доколку го нема, неапсорбираниот калциум се таложи во телото, најмногу во коските и зглобовите. Тогаш се јавуваат симптоми на артритис.

Доколку калциумот се наталожи во срцето може да дојде до поголеми компликации.

КАЛЦИФИКАЦИЈАТА (таложење на калциум во ткивата) може да предизвика болести на срцето, карцином, збрчкана кожа, бубрежни камења, остеопороза, проблеми со забите и други здравствени проблеми.

Здравите клетки во телото имаат висок процент на магнезиум и низок процент на калциум.

КАКО ТРЕБА ДА СЕ КОНСУМИРА МАГНЕЗИУМОТ?

Магнезиумот доаѓа во повеќе облици. На пример, магнезиум сулфат се користи како лаксатив (при опстипација). Магнезиум хлоридот најдобро се апсорбира во телото, па затоа се предлага консумирање во таков облик.

МАГНЕЗИУМ – МИНЕРАЛ ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ

Калциумот е многу важен минерал, но се додека се наоѓа во забите и во коските. Тогаш кога ќе започне да се акумилира во зглобовите и во меките ткива – започнуваат проблемите.

Консумирањето на магнезиум ја помага апсорпцијата на калциумот, па на тој начин не се акумулира вишокот. Со доволна количина на магнезиум не доаѓа до окостување на зглобовите.

„Магнезиумот може да ги лекува дегенеративните калцификалции на нашите телесни структури поврзани со стареењето, и со тоа, да ни помогне да се подмладиме“ – вели био-терапевтот Волтер Ласт.

Коментар на читател:

“Пијам магнезиум хлорид уште многу одамна и чувствувам големо намалување на болките во рамото, а помалку ми крцка коленото.”

ДОЗИРАЊЕ И ПРОГОТВУВАЊЕ НА МАГНЕЗИУМ ХЛОРИД

Потребни состојки:

33 г снегулки од магнезиум хлорид
1 литар дестилирана млака вода

Постапка:

Во шише ставете 33 г магнезиум хлорид. Долејте 1 литар млака вода (свештеникот препорачува тоа да биде дестилирана). Шишето затворете го и добро протресете го за да може смесата да се промеша. Се чува во фрижидер, но и не мора. Нема рок на траење.

Дневна доза: 50 до 100 мл (мала шолја за кафе), на почетокот по една ракиена чашка, наутро на гладно.

Споделете ги вашите искуства доколку сте користеле магнезиум хлорид или магнезиум во било која друга форма.

Loading...