ТЕСТО ЗА ДОМАШНИ КОРИ: Од првпат успеваат, ТЕНКИ И ПРОSИРНИ, НЕ ПУКААТ И НЕ СЕ КИНАТ…
Ова е проверен рецепт со кој на сите сакам да им покажам дека тегнењето кори не ништо сложено и секој може да направи домашни кори… Еве што ви е потребно според рецептот на Есмералда:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
600-700 г брашно
1 лажичка сол или по вкус
топла во да по потреба
масло за премачкување
фил по желба
ПОСТАПКА:
Од брашното солта и топла вода замесете мазно тесто кое не се лепи на рака. Тестото треба да се меси 6-8 минути за да добие еластичност.
Поделете го на два дела, обликувајте топчиња, па премачкјкате ги со масло и оставете ги да одморат 10-тина минути (летно време) или 30 минути (зимно време).
Потоа земете едно топче и на набрашнета работна површина развлечете го во кора со пречник од 40 см.
Премачкјате ја кората со масло и преклопете ја на половина, па оставете ја настрана. Истото повторете го и со второто тесто.
Потоа земете ја првата кора и отворете ја врз масата прекиена со работен чаршав. Со рацете започнете да ја развлекувате кора почнувајќи од средината, па кон крајот, подметнувајќи ги рацете под кората.
Ќе се изненадите колку голема кора ќе добиете од оваа една малечка, а што е најважно, ќе биде тенка како лист хартија и проѕирна…
Ставете фил по желба и свиткајте. Повторете ја постапката и со другата кора. Питата редете ја во намастена тепсија и спремна е за печење…
Но, пред тоа, сакам да ви откријам неколку совети:
Без разлика како ќе ја виткате питата (во круг или долгнавесто), многу е важно да не го стегате филуваното ролатче, туку виткајте го лабаво со помош на подигање на чаршавот.
Исто така, сите пити треба да се печат во добро загреана рерна на нејзината највисока температура, максимум 25 минути.
Таа нема да изгори, напротив, ќе биде мека и вкусна и крцкава…
ПРЕЛИВИ ЗА ПИТА…Искрено, знам дека многу жени питите ги залеваат со врела вода и масло, но јас моите не ги заливам така. Еве го рецептот за мојот прелив:
Во тенџере ставете млеко, павлака, путер (10 г на 100 мл млеко) и сол, па оставете да зоврие.
Со овој врел прелив залијте ја врелата пита и уживајте во вкусот…Рецепт на Есмералда / Сооlinarika.сom