Кога црниот дроб ќе се преоптовари, тој не може повеќе да ги извршува своите функции навремено и правилно како претходно, па ток-сините и сите отро-ви кои требало да ги исчисти, започнуваат да се складираат во него и во другите ви тални органи.

Тогаш започнува процесот на дебелеење, кога лицето честопати не е ни свесно дека има проблем со црниот дроб. Затоа, доколку сакате да ослабете, најпрво обратете внимание на добриот детокс, односно прочистувањето на вашиот организам, а особено на овој витален орган.

Луѓето не го земаат во предвид фактот дека чистиот црн дроб (кој доколку го одморите, има способност да се регенерира) е веројатно најважниот фактор кој одредува дали е можно да се ослабе или тој процес колку и да се обидувате, ќе биде спор или запрен и нема да даде никакви резултати на подолг временски период.

Црниот дроб припаѓа во групата на органи чија функција е да вршат детоксикација на организмот. Тој вредно и неуморно работи секој ден, па воопшто не е чудно што е под голем стрес и некогаш не ја исполнува својата функција онака како што треба.

Доколку црниот дроб не може да ги претвори токсините во безопасен отпад, тие се складираат во масното ткиво и чекаат тој повторно да ги преработи за да се исфрлат од телото. Ако тоа не се случи, телото се полни со токсини и отрови кои подоцна може да предизвикаат најразлични заболувања. Ова се најчестите симптоми и сигналите, кои телото ни ги испраќа кога имаме преоптерен црн дроб.

Дисбаланс во хормоните. Црниот дроб го регулира нивото на хормони. Нефункционалниот црн дроб може да биде причина за нерамнотежа на нивоата на естроген и тестостерон, што може да предизвика проблеми како што се намалено либидо и изразени ПМС симптоми.

Пореметување во имунолошкиот систем. Лицата кои често се разболуваат најчесто мислат дека за тоа главен виновник е недостатокот на витамин Ц. Сепак, состојбата на црниот дроб игра важна улога во изградбата на силен имунолошкиот систем. Здравиот црн дроб подобро се бори со различните вируси и бактерии.

Чувство на дезориентираност. Доколку вашиот црн дроб е преоптоварен, тогаш тој не е во состојба правилно да ја филтрира кр-вта. Како резултат на тоа, ток сините допираат до мозокот. Последователно, може да се појават симптоми како што се кон фузија, проблеми со помнењето и другите когнитивни способности или неодлучност при носењето одлуки.

Ниско или високо ниво на шеќерот во кр-вта. Црниот дроб исто така е одговорен и за одржување на нивото на шеќерот во кр-вта. Доколку не работи како што треба, може да доживеете ненадеен пад на шеќерот. Во нормални околности, црниот дроб ослободува глукоза после оброкот.

При тоа, доколку црниот дроб не може да се ослободи од вишокот гликоза во кр-вта, нивото на шеќер во кр-вта опаѓа. Поради тоа, може да доживеете симптоми како што се вртоглавица, несвестица, намалена концентрација и нервоза. Исто така, може да дојде и до високо ниво на шеќерот во кр-вта и инсулинска резистентност.

Проблеми со расположението. Вашето расположение и помнење зависат од состојбата на вашиот мозок. Кога отровите ќе стигнат до мозокот, може да се појават проблеми со помнењето и изненадни промени во расположението. Анксиозноста и депресијата се исто така поврзани со црниот дроб. Ако ги забележите овие симптоми, најпрво темелно испитајте ја состојбата на своите органи, па потоа посегнете по средства за смирување.

Апнеа во текот на сонот. Апнеата е пореметување во спиењето при кое доаѓа до прекин во дишењето повеќе од 10 секунди. Во некои случаи дишните патишта може да бидат блокирани 2-3 минути, а овие кратки прекини може заедно да сочинуваат повеќе од половина од целокупниот период кој го спиете. Најчест симптом на ова пореметување е гр чењето. Па, доколку се соочувате со овој проблем, проверете ја состојбата на својот црн дроб.

Натрупување на вишок килограми. Доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, ви советуваме да го пробате овој рецепт и целосно да го прочистите црниот дроб. Консумирајте го овој напиток во период од 3 дена и исчистете го својот витален орган од сите токсини во него.

Како се користи? Консумирајте го овој напиток трипати дневно во текот на три дена. Одбегнувајте тешки оброци во овој период. Јадете свежа здрава храна, за да се олесни целата работа на организмот и да се засили процесот на слабеење.

Потребни состојки: 3 лимони, 1 шолја сечкан магдонос, 5 стебленца целер (кај нас потешко се наоѓа овој вид на целер, па затоа употребете лист и малку корен), 6 шолји вода

Постапка: Лимоновиот сок, магдоносот и целерот ставете ги во блендер а потоа додадете вода и добро измиксајте. Консумирајте 2 чаши поделени трипати дневно на празен стомак. Повторете ја постапката и следните 2 дена. Потоа направете пауза од 7-10 дена и уште еднаш повторете го третманот.

Исхрана за замастен црн дроб. Исхраната е клучна кога станува збор за лекување на замастен и преоптоварен црн дроб. Ова се најчестите совети кои се препорачуваат во диетологијата:

Исхраната треба претежно да ви е растителна: овошки, зеленчук, мешунки и полнозрнаста храна. Храна богата со растителни влакна; ограничете го внесот на рафинирани шеќери, како што се разните слатки, белиот леб, белиот ориз, бели тестенини и други рафинирани продукти.

Ограничете го внесот на заситени маснотии, особено од црвеното месо и другите животински продукти; внимавајте на транс мастите, нив мора да ги исклучите од исхраната. Тие можат да бидат „скриени” во различната процесирана храна, како грицките на пример; целосно избегнувајте го ал-ко-холот; внимавајте и со солта.

Намалете ги вишокот килограми (најмалку 10% од телесната тежина ако сте дебели). Така, веројатно ќе ви треба посебен ре-жим на исхрана, но не ри-го-розна диета. Можеби почетокот рестрикцискиот ре-жим ќе треба да биде построг, но постепено тој треба да се движи во насока да обезбеди трајно усвојување на навиките.

Продукти кои може да помогнат. Продукти за кои постојат докази дека можат да помогнат при замастен црн дроб и треба да ги вклучите во исхраната: кафе (може да придонесе за нормализација на некои ензими на црниот дроб), тофу (добра замена за месото),

овесни снегулки, каша (добар извор на енергија), ореви (извор на здрави маснотии), сончогледови семки (извор на антиоксиданти, здрави маснотии и протеини), маслиново масло, зелен чај (антиоксидант, за помала апсорпција на масти), лук (за помош при слабеењето.