Рецепт и видео презентација на Ирена Здравеска од „Мојакујна рецепти“ – Необични пуканки, вкусна и здрава закуска за целото семејство. Вакви пуканки сигурно досега не сте јаделе, па ако сте љубопитни – испробајте го рецептот, нема да се покаете! Веднаш ќе направите и втора доза.

во зрната ставете малку масло или путер

Потребни состојки: 200 г пченка за пуканки, 2-3 лажици масло за готвење, малку сол. Наместо масло за готвење, по желба можете да додадете путер или некоја друга маснотија. И уште: 100 г шеќер, 1 супена лажица путер или маргарин, 150 мл млеко

посолете ги и промешајте ги
под дејство на топлината ќе започнат да се отвораат, па набрзо поклопете ги

Постапка: Во пошироко тенџере со капак ставете 200 г пченка за пуканки и прелијте ги со 2-3 супени лажици масло за готвење. Промешајте ги зрната за секое убаво да се натопи со маслото. Веднаш потоа посолете ги со прстофат сол или по ваша желба, но не претерувајте.

започнуваат да се отвораат

Промешајте уште еднаш за рамномерно да се распореди солта и протресете го садот. Вклучете ја ринглата на највисока температура и започнете со нивното пржење. За да не кондензира и да не се создаде влага во внатрешноста, капакот ставете го непосредно пред да започнат да се отвораат пуканките.

повремено протресувајте го тенџерето
малку подотворете го капакот за да излезе водената пареа

Набрзо ќе го слушнате нивното тропкање кое ќе одѕвонува од капакот. Под силината на нивната кинетичка енергија при отворањето на зрната тие ќе полетуваат во најразлични страни и ќе се претвораат во пуфнасти бело-снежни големи топки со неправилна форма, нам познати како „пуканки“.

пуканките речиси се готови
внимавајте да не ви излетаат пуканките

Името го добиле токму поради овој нивен ефект и способност под дејство на топлината да го променат својот облик. Додека тече овој процес, повремено протресувајте го тенџерето за да паднат на днотоп оние зрна кои сè уште не се отвориле под дејство на маснотијата и топлината.

Овој спектакл трае само неколку минути и набрзо магијата ќе заврши. Тргнете го капакот за да не се навлажнат пуканките од создадената кондензација. Во тава на оган ставете 100 г шеќер кристал и оставете го да се растопи без промешување додека да се карамелизира.

ставете го шеќерот во тава
шеќерот постепено ќе започне да се карамелизиа

Само пред крајот малку промешајте го или протресете ја тавата за подеднакво да се растопи сиот шеќер. Внимавајте да не ви прегори, бидете постојано покрај шпоретот. Кога ќе добие убава карамел боја, додадете една полна супена лажица путер или маргарин и промешајте.

карамелот е готов
додадете путер во карамелот

Мешајте брзо за убаво да се растопи и да се соедини со карамелот. Во оваа смеса додадете 150 мл млеко, но полека и постепено. Мешајте приближно 2-3 минути додека постепено го додавате млекото. на крај ќе добиете одличен карамелен сируп (кој можете да го користите како прелив и за други слатки).

Напомена: Карамелот го приготвувате на умерена температура, што значи дека откако ќе ви се растопи шеќерот, потребно е да ја намалите, за да не ви прегори пребрзо карамелот. Тие неколку минути додека го приготвувате карамелот, мешајте постојано бидејќи многу лесно може да се случи, тој да ви загори.

постепено додадете го млекото

Од приготвените пуканки одвојте една третина, по желба. Потоа со малку подизладениот карамел натопете ги пуканките. Поливајте ги со лажица полека и рамниомерно. Со помош на две лажици промешајте ги добро пуканските за да се натопат подеднакво со карамелот.

прелијте го карамелот врз пуканките
промешајте

Мешајте ги неколку минути додека да бидете сигурни дека сите пукнки се карамелизирани и не се залепени една за друга. Вашите карамел-пуканки се готови и можете да ги послужите. Сите детали околу постапката на приготвување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

промешајте ги пуканките со карамелот