СВЕТИОТ КАМЕН ВО МАНАСТИРОТ СВ. НИКИТА: Има исцелителна моќ за здравје и за жените кои се неплодни

Манастирот Свети Никита е средновековен манастир сместен во околината на Скопска Црна Гора, на 15 километри северозападно од Скопје, помеѓу селата Бањани, Чучер и Горњани. Манастирот го изградил кралот Милутин на почетокот на 14 век, во типичен стил на византиската архитектура, средновековен стил.




Интересно е што ѕвоното на овој манастир го донирал кралот Александар Караѓорѓевиќ во 1925 година. Внатре во манастирот има камен, под кој се наоѓаат светите коски на Св. Никита, за кој се верува дека е исцелувач, а на каменот се кажани многу желби за излекување.




Оние кои што имаат некаква мака, доаѓаат со семејството кај овој камен, се прекрстуваат, се молат и го кажуваат она што ги мачи, а желбата досега на сите им се исполнила. Манастирот е прогласен за споменик на културата, тој е под заштита на заводот за заштита на спомениците на град Скопје.




За чудотворниот камен во манастирот и неговата исцелителна моќ се има слушнато многу одамна. Мештани велат дека многу луѓе од Македонија, но и странци, патот ги носи токму овде. Спасот за маката ја гледаат во каменот, но мештаните објаснуваат дека исцелувањето не доаѓа од каменот, туку од светите коски на исцелителот св. Никита.




Влезот во дворот на манастирот е преку дрвена порта. Дворот најмногу се користи од посетителите на црквата за време на разните обреди, но им служи и на повремените станари кои преноќуваат во конаците.




Кога времето е поволно, честопати во дворот се собираат млади, тука се прават пикници, но едноставно доволно е да седнете на некоја од клупите и да го почувствувате мирот и спокојот кој го нуди ова прекрасно, исцелително место. Во внатрешноста на црквата има исцртано фрески кои совршено го прикажуваат начинот на византиското сликарство, а има и делови и случки од Библијата.




Во дворот доминантната улога ја има токму манастирот посветен на светецот Никита. Историските податоци говорат дека тоа прво бил византиски манастир од 11, а можеби од 12 век, кој подоцна бил ypнат.




Него од темел го обновил српскиот крал Милутин, според некои податоци 1284, а според други околу 1307 година. Кралот Милутин бил еден од најголемите градители од династијата Немањиќи. Храмот има чисто словенски карактерни линии, бидејќи бил граден од рацете на искусни мајстори. Манастирот бил живописан околу 1316 година.




Меѓу народот се раскажува приказната што ја слушнале од своите предци, како и зошто кралот Милутин го возобновил манастирот. Велат дека при посетата на кралот Милутин на Скопје, на сон му се јавил Бог и му кажал каде се моштите на Свети Никита, кој додека бил жив имал моќ да им помага на луѓето кои ќе му се обрателе за помош. Бог му рекол моштите на светецот да ги закопа во црквата бидејќи се сè уште моќни и помагаат.




Тој камен под кој почиваат коските на великомаченикот Никита, се смета дека е свет камен и меѓу народот се верува дека овој кој стапнал на каменот, се помолил и го извел ритуалот, светецот му ја отстранил б олката или му нашол решение на маката.




Каменот е само начин на поврзување на верникот со светецот и со Бога. Стоејќи на каменот, верникот полесно се поврзува со Бог и кажувајќи си ја неговата мака, б олка или желба, полесно ќе биде чуена и решена, исцелена, исполнета, со помош на светите мошти, но и силната верба.

Се верува дека моќните исцелителни мошти на св.Никита, помагаат во лекување на маката на маченикот. Тој бара спас од Бога, со помош на силна верба, а кога некој човек има своја мака, моќта на вербата придонесува за негово остварување.

Овој камен е познат за оние жени кои не можат да забременат, а многу искуства кажуваат дека по изведување на молитвата со стоење на каменот, тие забремениле во наредниот месец.

За да еден човек си ја каже маката, се прави еден мал ритуал. Прво човекот влегува во црквата и си пали свеќа. Тогаш клисарот го трга тепихот под кој стои каменот. Човекот застанува со лицето накај олтарот.

Се прекрстува, прави круг и се поклонува свртен кон олтарот. И така се повторува уште трипати. Кога ќе заврши последниот круг ја кажува молитвата „оче наш“. На крај си ја кажува маката или желбата.

Меѓу народот се кажуваат сведоштва на луѓе кои застанале на чудотворниот камен, се помолиле и на кои светецот им помогнал. Велат дека најчесто доаѓаат жени кои немаат деца, па по стапнувањето на каменот и кажувањето на молитвата, забременувале и добивале пород.

Се раскажува дека една жена, дошла оти не можела да има деца. Стапнала на каменот, ја кажала молитвата и заминала. По една година и четири месеци пак се појавила со машко дете во рацете, закажала крштевка и синот го крстила Никита, по светецот кој ѝ помогнал да зачне и да роди.

Многу мајки овде ги носат своите деца кои не можат да зборуваат, имаат немирен сон и често мократ во кревет. Откако ќе го направат ритуалот, се враќаат задоволни, се поклонуваат пред иконата оти маките им се решени, а децата мирни. Се споменува и за маката на еден ерген од соседно село кој не можел да се ожени, но откако на каменот си ја кажал својата мака, по неколку месеци закажал свадба во истата црква.

Но, искуствата не завршуваат овде. Многумина кои се редовни во манастирот, кажуваат дека редовно доаѓаат луѓе кои се молат за сопственото или здравјето на некој свој ближен, а исцелителните моќи на ова место се големи. Овој манастир има редовно многу посетители, а најпосетуван е во есенскиот период кога се чувствува тишината и мирот кој постојано владее во ова место.

Манастир св. Никита
Фото: Јутјуб Принтскрин
Манастир св. Никита
Фото: Јутјуб Принтскрин
Претходна статијаНЕ БИДЕТЕ CЛEПИ КАКО ЛИЛЈАК: Ова го поправа видот и ги јакне очите
Следна статијаМАСТ И ЧАЈ ЗА 3ATHATИ ВЕНИ: 3a 30 дена го paзбивa тpомбот, го користам секоја година и не би го заменила за ниеден друг лек