Супер лесен десерт без печење за 5 минути! Два брзи рецепти
Овие чоколадни задоволства се подготвуваат за миг и не бараат рерна – совршен избор кога сакате нешто слатко и брзо.
Првиот рецепт нуди крцкави топчиња со кикиритки, а вториот дава нежни коцки со суво грозје.
И двата се засноваат на кондензирано млеко и какао, па резултатот е богата текстура што се топи во уста, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки за првиот рецепт (топчиња со кикиритки):
380 g кондензирано млеко
3 лажици какао
50 g путер
400 g бисквити
50 g печени кикиритки
НМД

Потребни состојки за вториот рецепт (коцки со суво грозје):
50 g какао во прав (4 лажици)
380 g кондензирано млеко
100 g бисквити
45 g суво грозје
25 g путер
НМД
Брз рецепт за кондензирано млеко прочитајте ОВДЕ:
Кондензирано млеко кое се приготвува за 5 минути, а по вкус потсетува на белиот еурокрем
Постапка за првиот рецепт:
Измелете ги бисквитите во блендер. Во сад стопете го путерот, додајте го кондензираното млеко и какаото, па мешајте додека се соедини.
Префрлете ја смесата во бисквитите и убаво измешајте. Додајте ги ситно исечканите печени кикиритки.
Со раце формирајте топчиња со големина на орев и обвиткајте ги во дополнителни крупно мелени кикиритки. Ставете ги во фрижидер на 30 минути за да се стегнат.
Постапка за вториот рецепт:
Во тенџере на тивок оган стопете го какаото со кондензираното млеко и мешајте додека се згусне.
Претходно натопете го сувото грозје во топла вода неколку минути, исцедете го и исушете го.
Измелете ги бисквитите во блендер и додајте ги во згуснатата смеса, па ставете го сувото грозје и растопениот путер.
Мешајте додека се соединат сите состојки. Истурете ја смесата во сад обложен со фолија, израмнете ја и оставете ја во фрижидер 2-3 часа.
Исечете на коцки, па по желба посипете со какао во прав и целите коцки извалајте ги од сите страни.
Постапката за двата рецепти можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:












