Овој лек беше подготвуван во различни варијации од нашите баби, и според многу искуства, тие со сигурност знаеле што прават, бидејќи овој природен лек се покаал како многу ефикасен. Многу луѓе имаат различни проблеми со белите дробови, од кои најчести се астма, бронхитис и разни форми на кашлица.

Проблемите со бели дробови можат да бидат предизвикани од инфекции, како и разни други состојби, алергии и, се разбира, п ушење. Ви го откриваме добро познатиот лек против овие проблеми, особено астмата, и пулмонална и срцева.

Еве што ви треба и како да го подготвите:

Потребни состојки: половина килограм црвен кромид, половина килограм шеќер, 2 лимони, 1,5 литри вода, 7 лажици домашен мед.

Постапка: загрејте го шеќерот во метален сад на умерена температура и мешајте додека да порумени и да се карамелизира, па додајте ситно исечкан кромид, пропржете го кратко (внимавајте да не загори шеќерот) и додајте ја водата. Сè заедно гответе, така што водата треба да врие на умерена температура додека да испари 1/3 од течноста.

Потоа поклопете го садот и оставете да се излади, па додајте сок од 2 исцедени лимони и мед и измешајте сè добро додека да се добие изедначен, хомогена смеса. Оставете да отстои, а потоа процедете ја смесата (од парчињата кромид) и чувајте ја во стаклено шише, во фрижидер.

УПОТРЕБА: Потребно е да се користи по 1 лажица од напитокот пред секој оброк додека да се потроши целата количина. Доколку е потребно, направете нова доза и повторете ја постапката додека да заздрават белите дробови. На децата им се дава по мала, чајна лажичка пред секој оброк.

Д-р Игор Књазкин советува да се користи црвениот кромид за лекување на штитната жлезда

Познато е дека кромидот ја чисти кожата, ги ели.минира вирусите и бактериите, а сулфурните состојки во кр-вотокот прават чудо. Затоа, пробајте го овој феноменален природен рецепт за лекување на штитна жлезда.

*Лекар од Санкт Петербург, Игор Књазкин, го објавил рецептот за лекување на штитна жлезда. Главната состојка на овој лек е- всушност, токму црвениот кромид.*

Имено, овој доктор забележал дека кромидот има силно антиартеросклеротично дејство, дека спречува натрупување на тромбоцитите, фибринолитично, антиоксидативно, како и редуцирачко дејство на нивото на липидите во кр-вта и кр-вниот притисок.

Па така, тој забележал дека во природната медицина многу се користи кромидот за лекување на проблеми поврзани со штитната жлезда. Тој честопати среќавал луѓе кои си легнуваат со парчиња кромид во чорапите и фиксирани облоги на вратот.

По направеното лично истражување и сведоштва на луѓе кај кои овој метод позитивно делувал, започнал да го препорачува кромидот како лек. Според оваа негова препорака, навечер, пред да си легнете во кревет, една главица црвен кромид пресечете ја на половина, така што сокот да може да протече од секоја половина.

Со лесни, кружни движења измасирајте го вратот на подрачјето од штитната жлезда со тие половинки. Одете на спиење без да го измиете вратот, за да може сокот од кромидот кој се впил преку кожата, да делува преку цела ноќ.

Сокот природно ја поттикнува работата на штитната жлезда. Природната медицина вели дека кромидот: ја прочистува кр-вта, ги у.бива бактериите, бацилите и патогените микроорганизми, го чисти воздухот.

Joy / Flickr.com