Кога станува збор за питите, нема човек кој не ги сака. Се приготвуваат на најразлични начини, со домашни или готови кори, со тесто кое се излева, со квасец или без квасец…

Питите неодоливо мирисаат и многу се вкусни. Ова е рецепт за една таква пита, за чие приготвување нема да изгубите повеќе од половина час. Ова е мек и многу вкусна пита со готови кори и фил од сирење. Пробајте ја, ќе бидете воодушевени.

Потребни состојки за прелив на корите: 3 јајца, 2 чаши јогурт (чаша од 180 г), 2 чаши масло, 2 чаши гриз, 1 кесичка прашок за печиво. Се мери со една иста чаша. Уште ќе ви биде потребно: 500 г кори за пита, 500 г младо сирење, 3 јајца, сол по вкус

Постапка: Во подлабок сад скршете ги јајцата, додајте јогурт, масло, гриз и прашок за печиво. Добро измешајте со жица за матење или миксер, како ви е полесно, додека да се изедначи смесата.

Во посебен сад издробете го сирењето и измешајте го со јајцата, па на крај посолете по вкус. Отворете ги корите, па во намастен плех (или обложен со хартија), ставете една кора, па премачкјате ја со смесата од гриз.

Врз првата кора преклопете втора кора, па и неа премачкјате ја со преливот од гриз и јогурт. Потоа рамномерно распоредете фил од сирење. Потоа продолжете го редењето по истиот редослед.

Значи секоја кора ја премалкувате со преливот од гриз и јогурт, а на секоја втора кора ставате и фил од сирење. На крај завршете со кора, а одозгора прелијте со остатокот од преливот и наросете малку масло за да биде крцкава доколку сакате (може и сусам да наросите по желба).

Вака приготвената пита исечете на коцки откако малку ќе отстои, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени додека убаво да зарумени. Питата исто така, можете да ја виткате и во ролати, а за таа цел поделете ги корите на купчиња од по три или четири кори.

Гриз пита со јогурт – гостите прашаа каде сме ја криеле досега

Кога дојдоа гостите и ја пробаа оваа пита со гриз и јогурт, без воодушевени од вкусот и прашаа каде сме ја криеле досега : – ) Има повеќе варијанти на овој рецепт, но барем еден начин пробајте и не го пропушатјте овој предобар вкус.

Потребни состојки: 500 г кори за пита, 4 јајца, 100 мл масло (половина за подмачкување на плехот а половина за тестото), 4 лажици гриз, 500 мл јогурт, 1 кесичка прашок за печиво, 1 мала лажичка сок

​Постапка: загрејте ја рерната на 275 степени, а кога ќе ја ставите питата да се пече намалете на 200 степени. Плехот 35х25 подмачкајте го со масло и во него ставете една кора.

Останатите кори преклопувајте ги по должина така да се добие хармоника и редете во плехот. Направете смеса од јајца, масло, гриз, јогурт, прашок за печиво и сол. Смесата истурете ја помеѓу преклопите.

​Ставете ја питата да се пече. Кога малку ќе зарумени намалете ја температурата на 200 степени и печете додека да биде готова. Послужете ја топла или ладна со чаша јогурт или кисело млеко. Уживајте!