Прочитајте како се прави мед од сибирски бор, најдобриот лек за бронхитис, а деталите ги открива професионалниот пчелар Чедо Пејиќ. Кај нас е попознат како боров мед, но се разликува од стандардната постапка за приготвување која им е позната на повеќето билкари.

Медот од сибирски бор е проверен лек за болести на дишните патишта а особено на бронхитис, а тајната за неговото приготвување ја открива познатиот пчелар Чедо Пејиќ од Власина. Овој лек не се приготвува од било кој бор, смрека или четинар, туку исклучиво од сибирки бор.

Борот кој го преживеал леденото доба е изворно и најдобриот за приготвување на боров мед, бидејќи содржи компоненти кои другите четинари ги немаат. Овие уникатни состојки се толку м оќни и лековити, што не зачудува фактот дека овој мед со леснотија помага во лекувањето на белодробни б олести.

Сибирскиот бор или ариш (larix sibirica) е застапен во северните и северозападните делови на Сибир, но доведен е и на Балканот. Чедо Пејиќ секоја година го приготвува овој мед кој е многу лековит. Неговата подготвка се одвива во две фази и мора точно да се води сметка во кое време се собира полен а кога се берат игличките од овој бор.

„Цвета при крај на зимата, некаде во март. Ова секако е условено од временските пригоди, но генерално тоа е в ремето. Цветот во еден момент е преполн со поленов прав и потребно е да се знае точно времето за берење:

Во фазата кога поленовиот прав ќе започне да преминува во бобинки, а на врвот избиваат млади иглички кои во даден момент се полни со лековита смола – ова е најпрецизниот момент за берење.

Кога ќе се појави тој полен, тој се собира и се меша со мед, но никако багремов бидејќи багремовиот содржи голем процент на сахароза и до 10%, мора да биде со процент најмногу 1%.

Сето се остава да отстои 21 ден и потоа се процедува. На еден килограм од таа „тинктура“ се додава пет килограми мед, но се додава и мед со млади иглички, открива Чедо, кој понатаму го објаснува целиот процес.

За втората фаза мора да се почека крај на мај, кога на врвовите се формира плод кој следната година ќе биде шишарка. Шишарките се преливаат со врела вода и се варат уште половина час на умерена температура.

Потоа се оставаат да отстојат поклопено во истото тоа вариво цел еден ден, односно 24 часа. Потоа се меша со првиот мед (опишан од погоре во текстот) и така го добивате БОРОВИОТ МЕД. Ако вака го подготвите, вие ќе направите многу м оќен е ликсир за лекување на многу б олести.

„Проверено е добар за лекување на настинки и кашлица. Одличен е за хроничен бронхитис, делува против сите видови настинки и други болести на дишните органи. ДЕЛОТВОРЕН е за бубрези и црева, се користи во комбинација со планински мед, перла и прополис во случај на пад на имунитетот.

После било која б олест на организмот му ја враќа силата. Има противвоспалително, аналгетско и антиалергиско дејство. Добар е за надворешна употреба, за лекување на г.нојни ра-ни и акни кај младите – набројува Чедо.