Забоболката може да биде многу болна и фрустрирачка кога е константна, па дури може да стане и неподнослива. Оваа болка може да ви го уништи денот, да ви го расипе расположението и да ви предизвика огромна главоболка.

Кога се јавува ваква акутна забоболка најдобро е веднаш да посетите стоматолог. Но секако, вие не можете да предвидите кога ќе ви се јави забоболката.

Тоа може да се случи во доцните вечерни часови, па во ваква ситуација вам ви е потребно некое брзо решение кое ќе ве ослободи од неподносливата болка.

Прочитајте го овој текст внимателно и дознајте како да го елиминирате проблемот кога тој ќе се јави во неочекувани моменти. Овој домашен лек ќе ви обезбеди инстант олеснување.

Болката во забот ќе исчезне веднаш! Потребни ви се само две состојки кои сигурно ги имате во вашата кујна:

-кокосово масло

-каранфилче во прав

Овие две состојки можете да ги купите во секоја продавница за здрава храна. Следете ги инструкциите на следната страна:

Измешајте по половина лажичка од двете состојки додека да добиете хомогена смеса.

Применете ја оваа паста на забите и непцето, па ќе почувствувате инстант олеснување. Можете да го користете овој метод трипати дневно.

Зошто овој лек е толку успешен?

Каранфичето во прав содржи една многу корисна супстанција позната како еугенол, кој е многу силен аналгетик.

Кокосовото масло е корисно исто така, поради своите моќни антибактериски својства.