Напиток за нервозни луѓе кои сакаат да ослабат

Многумина, ананасот го сметаат за крал на овошјето, еве зошто:

Во една фелка ананас, или околу 80 – 100 грама се содржат околу 70 проценти од дневните потреби за Витаминот Ц и околу 40 проценти од дневните потреби за Манган.

После консумирањето ананас, го нема познатото дразнење во желудникот и желба за друга храна, туку едноставно две до три фелки ананас успеваат да го амортизираат чувството на глад.

Можеби по малку и поради тоа што содржи значителни количини јаглехидрати.

Состојката, односно ензимот кој што се наоѓа во ананасот, наречен “Бромелаин” има способност да ги разградува протеините и затоа се препорачува ананас после главен оброк.

Бромелаинот го поттикнува варењето и им помага на останатите ензими кои активно учествуваат во процесот на варењето, како што се пепсините и трипсините и поради тоа, ананасот е одличен при процесот на слабеење.

Огромна е помошта од ананасот и ензимот “Бромелаин” и кај оние кои активно се занимаваат со спорт.

Покрај тоа што помага при обликувањето на мускулите, ги ублажува болките и воспалението на мускулите.

Бромелаинот ги ублажува болките кои се предизвикани од артритис, а неговата помош е од непроценливо значење при ублажувањето на симптомите при хроничниот бронхитис.

При настинки, ензимот “Бромелаин” има моќ да го разредува секретот во дишните патишта и да го намалува отокот при воспаление на синусите и грлото.

Многу важно да се знае е податокот дека над 60 степени, ензимот “Бромелаин” исчезнува, така да ананасот, како и другите овошја, треба да се консумира свеж, не конзервиран, бидејќи при процесот на конзервирање можно е да биде термички обработен.

Денес би сакале да ви претставиме еден рецепт со ананас, кој делува смирувачки, ги опушта нервните влакна и ја подобрува меморијата.

Еве што ви е потребно:

½ ананас со средна големина

3 стапчиња целер

Половина салата марула – Ајсберг

1 краставица

20 грама свеж ѓумбир

Подготовка:

Се што треба да направите е да ги ставите сите состојки во блендер и да ги измиксирате.

Половина од напитокот испијте го наутро, а другата половина, навечер, еден час пред спиење.

Во меѓувреме, сокот чувајте го во фрижидер, во стаклен сад со поклопец.

Претходна статијаСтрашната забоболка ублажете ја со оваа паста за само неколку секунди
Следна статијаНепријатниот мирис од стапалата и обувките е голем проблем летно време, зошто се јавува и како да се избегне