Црногорскиот или Гигинскиот православен манастир Св.Бесребреници и чудотворци Кузман и Дамјан се наоѓа во западна Бугарија. Изворот од обновениот манастир го посетуваат стотици верници, се помолуваат, пијат од живата вода и си ги прскаат очите со неа.

Манастирот се наоѓа околу 16 км југозападно од градот Брезник и 4 км источно од селото Гигинци на планината Црна Гора (оттаму и називот “Црногорски манастир”). Се простира на висина од 1000 м надморска височина и до него се стига по 5 км асфалтиран пат.

За чудотворните исцелувања кои се случуваат во овој манастир сведочи околното население, но и монасите од светиот манастир. Според нив изворот лекува бубрежни болести, нефункционални жлезди со внатрешна секреција, болести на очи, болести на коски… преку 20 болести.

Чудотворниот извор го зајакнува имунолошкиот систем и крвта, ги смирува нервите…

Водата извира директно од корените на еден стар даб кој се наоѓа во дворот на манастирот. Местото е центар на духовно здравје, па философите честопати напоменуваат дека и самиот збор “даб” на старословенски означува “здрав”.

Покровителите св.Кузман и Дамјан биле наречени бесребреници, бидејќи не земале пари од болните луѓе кои доаѓале кај нив за помош, а истите ги лекувале со лековити билки и молитви.

Веќе неколку години во манастирот живее младиот и амбициозен монах Никанор, кој пред да се замонаши бил брокер на Вол Стрит.

Се вели дека светиот манастир бил основан од монаси, следбеници на св.Јован Рилски Чудотворец. Тие биле вдаховени од духовниот подвиг на светецот и основале свое монашко братство околу старата римска тврдина. Таму го започнале животот во молитва и пост.

Подоцна изградиле црква, а потоа и цел манастирски комплекс. Тој функционирал до 18 век кога изгорел во пожар.

Новиот манастир е изграден од монаси од Света Гора кој го сместиле близу древниот чудотворен извор. Денес монасите се самоиздржуваат со пчеларство и земјоделие.