Љубителите на собни цвеќиња знаат дека понекогаш е многу тешко одржувањето на поедини видови, па колку и да се трудите околу нив, тие постојано венеат и не можат да ја покажат својата убавина во полн сјај.

Колку повеќе цвеќиња имате дома, толку повеќе ќе бидете задоволни и расположени. Билките го одбиваат стресот и негативната енергија, а го разубавуваат домот. Затоа, никогаш не се откажувајте од своите билки.

Дали ви се случило некогаш, вашата омилена билка од непознати причини да почнала да се суши? Не очајувајте и не брзајте да се збогувате со неа. Ви предлагаме проверен начин со кој ќе ја вратите вашата билка во живот.

Потребни состојки:

1 кора од банана
2-3 лажици мелено кафе
лушпа од 3 јајца
1 литар вода

Постапка:

Сите состојки изматете ги во блендер додека да добиете изедначена смеса. Водата додавајте ја постепено, по потреба.

Со оваа смеса заѓубрувајте ја билката еднаш седмично. Повремено ставајте талог од кафе растворен со вода. Исто така, корисно е одозгора, врз земјата да наросите и мелени лушпи од јајца. За кратко време вашата омилена билка повторно ќе биде бујна и зелена.