Сите сакаме да имаме убава и здрава коса. Квалитетот на својата коса може да го подобрите со помош на оваа природна маска која дава одлични резултати.

Инаку, косата трпи оштетувања под влијание на временските промени како што се: премногу сув воздух, ув зраци, ветер, хемиско третирање, пеглање, фенирање и сушење со фен…

Особено косата се оштетува со новиот тренд за мазнаење или “пеглање” на косата со што таа речиси се “спалува” на многу висока температура.

Меѓутоа, доколку штетата е веќе направена, обидете се да го вратите квалитетот и сјајот со помош на природна маска за коса. Ќе бидете многу задоволни од добиените резултати.

Потребни состојки:

1 јајце
1 банана
1 лажица мед

Постапка:

Во еден сад ставете јајце и разматете го. Бананата ситно издобете ја, па додадете ја во јајцето, а потоа и медот.

Убаво промешајте ги состојките додека да се изедначи смесата, а потоа нанесете ја на косата внимавајќи да ставите поголем слој на оштетениот дел од косата, а темето одбегнете го.

Оставете да делува 20-30 минути, а потоа исперете со шампон кој вообичаено го користите. Маската користете ја двапати месечно и ќе забележите подобрување. Вашата коса ќе биде поздрава и поубава.