Среќата и парите ќе затропаат и на вашата врата, само внесете ги овие 8 работи во вашиот дом

Ова се 8 чекори кои треба да ги направите за да ја повикате среќата во вашиот дом.

Внесете здрави, бујни билки, како што се: красула, бамбус и билки кои го прочистуваат воздухот или било која билка која е силна и која ќе напредува во склад со осветлувањето во таа зона.

Внесете вода во вашиот дом: слика од вода, огледало или нешто што ја карактеризира водата. Според фенг шуи добро би дошла фонтана во зоната на парите. Огледалата се одлични за оваа зона, а едноставно можете да закачите фотографија или слика со некој преубав водопад, езеро или слично.

Нагласете ги специфичните облици во оваа зона, па така ќе можете да дојдете до посакуваната енергија со помош на облиците како што се: правоаголник (дрво), квадрат (земја), бранови (вода). Тоа може да бидат рамки за слики, ткаенина и тапети. Овие облици ќе донесат добра енергија во таа зона.

Слика од шума, парк или диво зеленило ќе донесе добра енергија, а исто така, можете да закачите и слика со интересни формации на земја, како песочна плажа, планина или канјон која ќе ја претставува земјата.

Изберете ги најдобрите бои за вашите ѕидови, ткаенини или декор: виолетова, зелена и црвена се најмоќните кои привлекуваат богатство.

Исто така, закачете слики кои претставуваат изобилство или тоа го симболизираат. Можете да изберете нешто модерно или слика која ве претставува вас во изобилство и раскош.

Размислете за клесичен фенг шуи декорации, само бидете сигурни сека се сложуваат со вашиот ентериер и дека навистина припаѓаат таму.

Добар избор се хималајсите лампи. Доколку ја сакате источната мудрост, медитацијата или јогата, можете во својот дом да внесете просперитет и мир така што ќе внесете во вашиот дом некоја света фигура.

Секогаш одржувајте ја енергијата свежа и жива со помош на природни и пријатни мириси, свежо цвеќе или миризливи свеќи.

Зоната нека ви биде добро осветлена и пуштајте смирувачка и релаксирачка музика.

Претходна статијаРецепт за мафини полнети со чоколадо, ќе ги обожувате, не ви треба смеса!
Следна статијаДневен хороскоп: Овој знак утре може да очекува голема добивка