Нечистотијата во бањата и кујната лесно можете да ја исчистите со производ направен од состојки кои веројатно ги имате дома – еве како да направите ефикасна паста за блескави бели фуги на плочките во бањата.

За да го одржувате домот беспрекорно чист, често користите скапи детергенти кои можат да бидат многу опасни. Тие обично содржат агресивни средства кои лесно ја оштетуваат кожата, а честото изложување може да придонесе за продирање на хемикалиите во организмот и појава на тешки болести.

Затоа, најдобро е да се користат што поприродни средства за чистење кои сепак ќе дезинфицираат и чистат, а нема да се толку штетни за нас и животната околина. Одличен избелувач за фугите помеѓу плочките во бањата или кујната можете лесно да подготвите и сами дома.

По постапката, плочките ќе изгледаат како нови! За керамичките плочки и фугите помеѓу нив да бидат сјајни како првиот ден и да бидат чисти што подолго, направете ја следната смеса:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 7 чаши вода (1,5 литар), 1/2 шолја сода бикарбона, 1/3 чаша сок од лимон (или 1 лажица лимонтус или лимонска киселина), 1/4 чаша алкохолен оцет

ПОСТАПКА: Растворете ја сода во 1,5 литар вода. Додајте сок од лимон и полека истурете го оцетот на крајот. Користете само бел, алкоxолен оцет за оваа постапка. Почекајте додека да помине хемиската реакција во вид на обилно пенење и вашата смеса е подготвена за употреба.

Сега со четка или сунѓер втријте ја смесата во пукнатините меѓу плочките и ќе видите како пукнатините побелуваат пред вашите очи, а плочките добиваат свеж и обновен изглед.

Следно прочитајте: „Подобар начин за чистење на бањата од овој, сигурно не сте слушнале: Чисти сè од шолјата и одводите, го топи бигорот“

Ова е најдобриот трик за чистење бања за кој некогаш сте слушнале: Една состојка која ја имаме сите дома во кујната може да отстрани сè од тоалетот, го чисти одводот и тврдокорниот бигор. Гледате наслаги од бигор во тоалетната школка дури и после напорното чистење? Еве каде грешите. Рецептот прочитајте го ОВДЕ.

Следно прочитајте: ТРИК ЗА ЧИСТЕЊЕ НА БИГОРОТ Се шири како зараза: Инфлуенсерка откри дека не ви треба НИ ВОДА, САМО 1 една работа која сите ја имаме – ОВДЕ.

ТРИК ЗА ЧИСТЕЊЕ НА БИГОРОТ Се шири како зараза: Инфлуенсерка откри дека не ви треба НИ ВОДА, САМО 1 една работа која сите ја имаме