Веројатно секому му се случило во ниедно време да открие дека батериите од далечинскиот управувач се потрошиле и не може да го управува клима уредот…А ноќта е многу топла и сакате итно да се разладите…

Во видео-туторијалот можете да го научите методот кој вклучува молив и две мали тркалезни литиумски батерии со чија помош ќе ги замените толку неопходните батерии за далечинскиот управувач.

До следниот ден, или до моментот кога ќе бидете во можност да си купите новите батерии, со овој метод перфектно ќе си проработи вашиот даленчински управувач и уште долго време ќе можете да го користите.

Покрај тоа, ова е одличен начин да им покажете на вашите деца како функционира графитот од моливот како спроводник. Интересно е во секој случај! Значи, штом се најдете во таква ситуација, земете ги двете литиумски батерии и едната означете ја со „+“, а другата со „-“.

Ставете ги на спиралата прво „минус“, а потоа и „плус“, па измерете ја должината на моливот која е потребна до другиот крај. Исечете го моливот и наострете го од двете страни за да се појави графитниот дел.

Соединете ги батериите со моливот, а во втората преграда ставете само молив, изработен на истиот начин како и претходниот, измерен и наострен од двете страни. Поставете ги наместо батериите во уредот и тој ќе си проработи. Но, најдобро е сето ова да го погледнете во видеопрезентацијата ОВДЕ.