Ова е најдобриот трик за чистење бања за кој некогаш сте слушнале: Една состојка која ја имаме сите дома во кујната може да отстрани сè од тоалетот, го чисти одводот и тврдокорниот бигор. Гледате наслаги од бигор во тоалетната школка дури и после напорното чистење? Еве каде грешите.

Отстранувањето на дамките од тоалетот е особено тешко ако не го правите редовно, бидејќи нечистотијата и бигорот се таложат и често се наоѓаат на тешко достапни места или т.н. тврда вода создава повторно и повторно.

Затоа е исклучително важно редовно, но и правилно да се чисти тоалетната школка, односно со најдобрите можни средства. Управниот директор на британската компанија за чистење Poppies, Крис Вутон, изјави за Express дека постои „златно правило“ за чистење на тоалетната школка.

„Златното правило е да се користат неалкални производи. „Повеќето дамки на тоалетната школка се појавуваат во областите што доаѓаат во контакт со тврда вода, па затоа е важно да се знае дека избелувачот нема да делува и дека мора да се користи киселински производ, како што е средство за отстранување бигор“, објасни тој.

Како што вели тој, избелувачот не го отстранува бигорот, туку само му ја менува бојата, односно го избелува и се спојува со бојата на школката, па станува помалку забележителен.

Тврдата вода, инаку, има повисоко ниво на калциум и магнезиум, што доведува до формирање на бигор, додека меката вода содржи мали количини од овие минерали, но има високо ниво на натриум. Тврдата вода ќе ја препознаете по тоа што, кога ги миете рацете со неа, чувствувате дека на вашите дланки има „леплива фолија“ и треба повторно да ја исплакнете.

За да бидете сигурни дека бигорот ќе го отсраните целосно, Крис Вутон препорачува да користите обичен бел оцет за да направите домашно и природно средство за чистење кое е многу ефикасно.

„Сипете половина шолја сода бикарбона во и околу школката и оставете да отстои најмалку 15 минути. Потоа прелијте со оцет. Киселината ќе се „активира“ и ќе почне да пени, што може да ги „разбие“ и најупорните наслаги од бигор. Десет минути подоцна, добро исчистете со грубата страна на сунѓерот“, советува Вутон.

После тоа потребно е неколку пати да се испушти водата за добро да се исплакне. „Ако има уште траги, пробајте да исцедите лимон и оставете го да делува, а ќе ги отстрани и непријатните мириси“, посочува Вутон, пишува Крстарица. Прочитајте: Сите ме прашуваат како БАЊАТА МИ МИРИСА КАКО ПАРФИМЕРИЈА, како тукушто да сум ја чистела – мојата тајна е многу едноставна – ОВДЕ. Прочитајте: Ставила од оваа смеса во ВЦ шолјата и бањата и мирисала 7 дена: Веднаш запишете си го рецептот – ОВДЕ.