Маслото од глуварче е лек за отоци и цисти, артритис, гихт и болки во зглобовите

Кај нас повеќе е познат медот, односно сирупот кој се приготвува од цветовите на глуварчето, а во последно време луѓето сè почесто го користат и чајот кој се приготвува од неговиот корен. Младите пролетни листови се користат во подготовка на разни вкусни и здрави салати.

Глуварчето е многу лековита самоника билка, но за медицински цели потребно е да се бере од еколошки чиста околина. Малку понепознато е маслото од глуварче кое се добива како екстракт на неговите цветови во маслиново, ладно цедено масло.

Ова масло ги отстранува б олките и помага кај цис-тични и отечени дој-ки. Оваа билка е поволна за женски заболувања, а особено за спречување и лекување на болести на дој-ките, цис-ти, натече-ност и кај проблеми со до-ењето.

Глуварчето е едно од најлековитите билки од нашето поднебје и сите негови делови можат да се искористат. Во Америка најмногу се користи маслото од цветови на глуварче, бидејќи многу е фалено како ефикасно средство против артритис и гихт, оте-чени дој-ки, ши-нувања и б олки во зглобовите.

Иако кај нас послабо се практикува неговата изработка, маслото од глуварче е добро да се има при рака, бидејќи има силно релаксирачко и анал-гетско дејство. Маслото од глуварче е без негативни споредни ефекти успешно ја олеснува б олката и пријатно делува на артри-тичните зглобови.

Исто така, помага при б олки во зглобови, синусни главоб-олки, вкоча-нет врат и некои неправилности или проблеми со кожата. Цветовите имаат посебно дејство врз дој-ките. Со редовна употреба на маслото од глуварче, доаѓа до длабока релак-сација во ткивото на дој-ките и помага во ослободување на потис-натите чувства.

Кога ова масло редовно се користи за дој-ки, успешно дава подобро чувство и подобар квалитет на кожата, го јакне имунитетот и помага во превенција од рак и значително ја намалува б олката или чувствителноста на гра-дите пред мен-струалниот циклус.

Потребни состојки: цветови од глуварче набрани на пладне (кога сонцето е најсилно) и маслиново масло. Цветовите оставете ги еден ден распоредени во еден ред врз хартиена салветка или памучна крпа за да излезе од нив вишокот влага.

Постапка: Во стаклена тегла ставете ги цветовите од глуварче кои сте ги набрале од еколошки чиста средина за да не мора да ги миете со вода. Кога се приготвува мацерат, потребно е билката да биде сува, да нема никаква влага која би можела да предизвика појава на мувла.

Прелијте ги цветовите со маслиново масло, така што цветовите да бидат целосно потопени во маслото. Доколку сепак не сте сигурни во чистотата на билката и морате да го измиете, тогаш, откако ќе го измиете добро процедете го и оставете го на хартиена салфетка да се исуши.

Кога цветовите ќе ги ставите во маслото не смеат да бидат влажни. Затворете ја теглата и оставете ја на сончево место да отстои две седмици, поточно 15 дена. По изминатото време процедете го маслото низ цедалка преку која дополнително сте ставиле памучна газа.

Добро истискајте ја газата за да излезе што повеќе масло од цветовите. Процеденото масло складирајте го во претходно стерилизирана тегла, најдобро е да биде со темна боја, а доколку немате таква, тогаш обвиткајте ја со алуминиумска фолија. Затворете со добар капак.

Напомена: сите масла можат да оксидираат и да се расипат ако се изложени на сончева светлина или преголема топлина, па затоа е најдобро после употребата веднаш да се затвораат, да се чуваат на темно, суво и ладно место. Маслото ги задржува лековитите својства до 9 месеци, најдоцна до една година.

Употреба: маслото од глуварче има антибактериски и антигабични својства, па може локално да се користи како лек за акни, но и за нега на кожата за мазнење на брчките. Освен маслиново масло може да се користи и бадемово или масло од јојоба.

Маслото од глуварче може да се користи самостојно или може да се додава во креми и балсами. Се нанесови со нежна масажа во тенок слој на кожата која сакате да ја третирате или на целото лице, а доколку имате масна кожа, тогаш одбегнувајте ја Т зоната.

Исто така, може ова масло да го помешате со шеа путер и кокосово масло во однос 2:1. Растопете ја смесата на пареа. Добиениот балсам оставете го да стврдне, па ќе добиете одлично хидрантно средство за секојдневна употреба.

Маслото исто така се користи за смирување на црвенило, јадеж, егзема и други воспалителни состојби на кожата. Се мачкаат и б олни зглобови и мускули, или се нанесува во вид на облоги. Лековити дејства се должат на неговите хидрантни и антиоксидативни својства.

Loading...