Многу вкусна закуска, ќе ви се допадне. Под рецептот има видео со деталите околу подготовката.
Потребни состојки: 10 г квасец, 200 мл млеко, 1 лажичка шеќер, 100 г путер, 350-400 г брашно, 2 лажици кисела павлака, 100 г лути димени колбаси, 1 жолчка, 3 полни лажици ајвар, малку семки од тиква, сусам и сончоглед и малку сол
Постапка: Растопете го квасецот во малку млако млеко со малку шеќер и една лажица брашно, па промешајте да се раствори за да нема грутчиња. Откако ќе се активира, додадете го остатокот од млекото, брашно и сол, па замесете средно тврдо тесто, така да биде мазно и без грутки.
Кога ќе го замесите тестото, оставете го да отстои 20 минути, покриено со крпа. Отстојаното тесто развлечете го тенко и премачкајте го со путер. Преклопете го уште неколку пати и оставете го да отстои уште 10-тина минути (погледнете го видеото).
Потоа развлечете го во кора со дебелина од околу половина цм, и исечете ја на ленти. Потоа премачкајте ја целата кора со ајвар и наросете одозгора сечкан димен колбас и семки. Секое сечено стапче виткајте го како спирала и редете го во плех на одредено растојание.
На крај премачкајте ги сите стапчиња со жолчка. Плехот во кој ќе ги печете стапчињата претходно обложете го со хартија за печење. Печете ги на 200 степени околу 25 минути додека тестото да зарумени. Деталите околу подготовката можете да ги погледнете во видеото: