Кога е време за проверка на здравјето: Хронично дуење на стомакот е прв индикатор за рак и други потешки заболувања!

Понекогаш подувањето може да укажува на сериозни здравствени проблеми. Околу 30% од населението го мачи овој проблем. Лоша дигестија и нередовно празнење на цревата, менструалните циклуси кај жени, опастипација и алергија на храна се најчестите причини за подување на стомакот и тие обично се повремени.

Меѓутоа, ако оваа состојба стане хронична, тоа може да биде знак за нешто многу сериозно.

Доколку не успеете да се ослободите од подуеноста на стомакот во текот на подолг временски период, време е да побарате стручна помош. Лекарите предупредуваат дека дуењето може да укажува на овие 6 загрижувачки проблеми.

УРИНАРНА ИНФЕКЦИЈА

Инфекцијата на уринарните патишта може да предизвика чуватво за често одење во тоалет. Може да се појава следните симптоми: притисок во стомакот, болка или подуеност проследено со грозница, мачнина и повраќање.

ЗАБОЛЕН ЦРН ДРОБ

Loading...

Заболениот црн дроб, поради собирање на течност, може да предизвика подување на стомакот. Ако дуењето е предизвикано поради проблем со црниот дроб, тогаш исто така се чавува чувство на замор, модринки или појава на жолтица.

ВОСПАЛИТЕЛНА БОЛЕСТ НА ЦРЕВАТА

Оваа состојба предизвикува дијареа, болка во стомакот и дуење. Уште една карактеристика на оваа состојба е интолеранција на лактоза која се јавува во овој случај.

ДИВЕРТИКУЛОЗНИ ЦРЕВА

Дивертикулозни црева е воспаление на малите кесички наречени дивертикули кои се наоѓаат долж ѕидовите на цревата. Симптомите вклучуваат ненадејна болка во долниот дел од стомакот. Останати симптоми се мачнина, дијареа, опстипација и подуеност.

РАК

Неколку важни органи се наоѓаат во абдоминалниот дел како што се: панкреас, желудник, дебело црево, матка и јајници. Ако ракот се развие во еден од овие органи, тоа може да доведе до необјаснето дуење на стомакот. Затоа, ако забележите упорно дуење и нагло зголемување на стомакот, веднаш посетете лекар.

НАРУШЕНО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

Кога лицето е постојано под хроничен стрес, во неговиот организам постојано се лачи кортизол, хормон на стресот. Во оваа состојба, дигестивните хормони не се произведуваат доволно, што може да доведе до пречки во дигестијата и чувство на подуеност.

Loading...