Совет од билкарот Најдовски: Со овој метод за 21 ден ќе ги стопите коскените шилци

Денес билкарот Најдовски открива природен рецепт, односно метод со чија помош може да се лекуваат болки од реума и да се топат коскени шилци.

Коскените шилци се последица на промените кои со текот на времето се случуваат на краевите на коските кои се составуваат во зглобовите, особено прешлените, од кои е составен ’рбетниот столб.

Како што човекот старее, фиброзните перничиња, меѓу ’рбетните плочки или дискови обично се стврднуваат и смалуваат. Во меѓувреме, отпорната, растеглива ’рскавица на краевите станува сè потврда.

Loading...

Како што просторот меѓу прешлените станува сè потесен, коскената маса обично го надополнува губењето со создавање израстоци кои се нарекуваат коскени шилци.

Овие израстоци често се среќаваат кај постарите луѓе кои имаат тегоби со дисковите, но можат да се појават и кај млади возрасни лица-особено спортистите, танчарите или физичките работници- кои ги изложуваат своите мускули, лигаменти и тетиви на невообичаено оптоварување.

За разлика од заоблените краеви на коските во здравите зглобови, на шилците не се создава слој на заштитна ’рскавица. Во некои случаи новите коскени површини конечно се мазнат со природното движење.

Но кога тоа нема да се случи, коскените шилци можат да се тријат од други коскени површини, нерви или крвни садови, предизвикувајќи болки и воспаление. Кога такви коскени израстоци ќе се појават во горните вратни прешлени, заболувањето се нарекува цервикален остеоартритис. Коскените шилци можат да бидат причина и за ишијас.

Многу непријатна појава е коскен шилец во стапалото што предизвикува болки при стоење и одење.

Рецепт: Мартин Најдовски

За читателите на НМД билкарот Најдовски денес сподели еден многу ефикасен рецепт за лекување и топење на шилците. Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате на неговата фан страница Лилма.

ЛЕК ЗА ТОПЕЊЕ НА ШИЛЦИ

Потребни состојки:

4-5 млади гранчиња (врвови) коприва, со должина од околу 10 см
2 лажици бело вино
сало/маст за премачкување на болното место
фолија и волнен шал за завиткување на болното место

Постапка:

За приготвување на оваа облога потребни се млади гранчиња од коприва. При берењето носете ракавици и гледајте гранчињата да бидат со должина од околу 10 центиметри.

Свежата коприва истолчете ја во аван. Претходно навлажнете го аванот за да не ги впие соковите од копривата.

Во смесата од коприва додадете две лажици бело вино. Вака добиената смеса нанесете ја на болното место, кое претходно сте го намачкале со маст.

Облогата обложете ја со фолија избоцкана на неколку места со чепкалка за да може да “дише”, а одозгора завиткајте го болното место со волнен шал за да загрева.

На самото место ќе се зголеми микроциркулацијата и ткивниот метаболизам со што ќе се зголеми размената на материите и полесно ќе се елиминираат метаболните продукти..

Оваа постапка мора да се повторува секоја вечер и да се преспива со неа во текот на 21 ден.

Рецепт: Мартин Најдовски

Loading...