Бесплатна КАРДИО ДИЕТА од најголемиот експерт-советник за здраво слабеење (МЕНИ)

Сигурно сте слушнале дека со помош на кардиоваскуларните вежби ќе го стопите салото. Тоа е точно и вежбите се исклучително здрави, но со нив ќе согорите само многу малку калории.

А колку повеќе кардио правите, толку повеќе ќе чувствувате глад, зошто организмот на несвесно ниво се заштитува и бара сè повеќе храна.

А вие си го трошите времето и се исцрпувате, се потите и постојано сте гладни, а многу малку или воопшто не слабеете… Со тоа вашата мотивација е уништена.

Loading...

Треба да го знаете следното: Вие согорувате неколку калории, но потоа јадете двојно повеќе отколку што се согориле. Резултат? Зголемување на телесната тежина.

Вежбањето без рестрикциска исхрана нема да даде големи резултати – ако целта ви е слабеење. Мора да работите на зајакнување на метаболизмот и градење на мускули.

Со вистинскиот избор на мени за исхрана и само 20 минути вежбање дневно, трипати во седмицата, може да ослабете значително, да се чувствувате посилно и помладо.

Експертот за здраво слабеење Џим Карас е одговорен за обликуваните тела на многу познати холивудски лица.

Неговата кардио диета нуди максимални резултати за минимално време.

КАРДИО ДИЕТА

Појадокот е ист во текот на сите 15 дена:

-(портокал, јаболко, круша, праска, диња, лубеница а не смее банана и грозје)
-двопек
-кафе или чај без шеќер

1 ДЕН

 Ручек:

1 портокал
1 варено јајце
1 кисело млеко (0,5л)
Млеко

Вечера:
2 домати (200 мл сок од домати)
2 варени јајца
½ салата или краставица
2 двопеци

ДЕН

Ручек:

1 портокал
1 варено јајце
1 кисело млеко (0,5л)

Вечера:
125 г варено јунешко месо
1 домат
1 портокал
1 двопек
Чај или кафе без шеќер

3 ДЕН

Ручек:

1 портокал
1 варено јајце
1 кисело млеко (0,5л)
1 салата
Краставица

Вечера:
125 г варено јунешко
1 портокал
1 двопек
Кафе или чај без шеќер

4 ДЕН

Ручек:

125 г кравјо сирење
1 домат или салца
1 двопек

Вечера:
125 г варено јунешко
2 домати
1 јаболко
1 двопек

5 ДЕН

Ручек:
200 г месо или риба
1 домат или салца
1 двопек

Вечера:
½ кг варен зеленчук (морков, грашок, компир)
1 варено јајце
1 домат

НАПОМЕНА:Месото и варениот зеленчук се зачинуваат со мешан зеленчуков зачин.

6. и 7. ден се јаде нормално. За време диетата не се пие алкохол.

После 5. ден се губат 2  до 4 килограми, а после два дена, се повторува трипати по 5 дена. За 15 дена се губат од 5 до 10 килограми без последици по здравјето и не се враќаат килограмите доколку јадете умерено и за секој ПОНЕДЕЛНИК го имате следното мени:

ПОЈАДОК: 1 чаша сок од лимон без шеќер

РУЧЕК: 1 јаболко, двопек

ВЕЧЕРА: 1 јајце, 1 домат, 1 двопек.

Наведените намирници се земаат топли или студени, важно е да биде запазен редоследот.

Loading...