Ако ви останало пире од компир не пропуштајте го да го испробате овој рецепт. Откако ќе ги вкусите овие пикантни стапчиња често ќе ги правите. Можете да користите слатка или лута пиперка во зависност од вашата желба.

Компирот е зеленчук кој одлично се комбинира со речиси сите намирници и од него можете да направите широк спектар на јадења. Денеска ви предлагаме да ги пробате стапчиња од компир-пире со пиперка и кашкавал.

Вака подготвената закуска има одличен вкус, а може да се послужи како прилог со месо или како посебно јадење. Во смесата со стапчиња можете да додадете и пржена сланина. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг компири, 1 црвена пиперка, 1 китка магдонос, 80 г чедар или кашкавал по избор, 180 г пченкарен скроб/нишесте

ПОСТАПКА: Компирите сварете ги во солена вода, па испасирајте ги во пире без грутчиња. Ова пире не смее да има грутчиња, па најдобро би било да користите блендер или ги истиснете низ цедалка.

Додајте ситно сечкана пиперка и магдонос, па посипете со рендан кашкавал. Добро измешајте, па додајте сол и скроб. Добро соединете. Тестото ставете го на набрашнета површина, посипете го со скроб и исечете го на 2 дела.

Развлечете во подебел правоаголник и исечете ги стапчињата. Направете го истото со вториот дел од тестото. Се пржат во добро загреано масло. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „За 5 минути ја замесувам смесата, а потоа ги печам соленките и ги послужувам наместо фурнаринки“ – ОВДЕ.

„За 5 минути ја замесувам смесата, а потоа ги печам соленките и ги послужувам наместо фурнаринки“