Липовиот чај е многу здрав – лекува настинки, висок притисок, грчеви, реума

Цветовите од липа делуваат диуретички и го олеснуваат сонот, а листовите може да се јадат и се користат за лекување на чиреви. Исто така, слузта која липата ја содржи успешно ја смирува надразнетата слузокожа на грлото.

Чајот од липа веќе стотици години важи за многу можен лек за бројни болести. Јуни месецот не може да се замисли без опојниот мирис на липата, дрво на кое во минатото му се препишувале големи моќи.

На почетокот, за сите рани и чиреви, како лек се користеле само листови од липа. Дури подоцна започнале да ги користат и цветовите, за поттикнување на потење, за смирување на грчеви, кашлица, болки и како диуретичко средство. Денес веќе зелените листови не се употребуваат.

ЧАЈ ОД ЛИПА – ЛЕКОВИТОСТ

Loading...

Чајот од липа го препорачуваат и докторите најчесто кај помали проблеми со спиењето и нервозни состојби, а поновите истражувања го докажуваат неговиот смирувачки ефект.

Цветот од липа има диуретичко својство, па затоа се препорачува за лекување на висок крвен притисок, против плаки во крвните садови бидејќи прави дилатација, како и за смирување на болки при мигрена.

Во надворешна употреба липата се користи за лекување на испукана кожа, убоди од инсекти и иритација на кожа.

Во народната медицина се користи топлиот чај од липа при настинки, за поттикнување на потење и подобрување на отпорноста против настинки и грип. Со клинички испитувања потврден е успехот во лекувањето на грипозни болести кај деца, но и во спречување на настинки и грип. Успешно помага за намалување на високата телесна температура, за ублажување на кашлица и зголемување на отпорноста од инфекции.

КОГА СЕ БЕРАТ ЦВЕТОВИТЕ?

Цветовите се берат прет отворањето, заедно со прицветните листови, а потоа се сушат во тенки слоеви на отворени, но не смеат да бидат изложени на сончеви зраци. Рокот на траење на сувата билка, доколку добро се чува – е две години. Колку подолго стои толку повеќе ги губи своите лековити својства.

Напомена: Како и со сите билки, така и со липата е потребна претпазливост и не треба да се преминуваат пропишаните количини, бидејќи може да влијае врз работата на срцето. Луѓе кои имаат болести на срцето пред консумација на липов чај треба да се консултираат со нивниот лекар. Липата не се препорачува за бремени жени и доилки.

УПОТРЕБА НА ЛИПАТА ВО КУЈНАТА

Иако липата е најпозната како билка за приготвување на чаеви, таа има свое место и во кујната. Нејзиниот вкус одлично одговара со морковот, па кога приготвувате кремаста супа со морков, наместо вода може да употребите липов чај без шеќер, за да ја збогатите аромата на јадењето.

Цветот од липа може да ја ароматизира и јаболковата киселина: еден грст цвет од липа прелијте со 1 литар јаболков оцет, додадете малку лимонова кора и 60 г мед, оставете да отстои некое време, па процедете.

Младите пупки од лист и младите листови може да се додаваат во салати, пупките може да се киселат како копар, а зрелите плодови од липа може да се сомелат и да се додаваат во брашното. Сепак, липата е највкусна во слаткото желе и во сирупите.

ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ЛИПА

Ако имате голем двор, би можеле да размислите околу садењето на ова дрво. Но, имајте во предвид дека тоа брзо расте и достигнува висуна од 10 метри. Липата може редовно да се поткаструва и на тој начин да остане малечка, за да можете полесно да ги берете листовите за салата. Семето од липа се сее на затворено рано напролет. Се пресадува кон средината наесен.

ТОП 15 РЕЦЕПТИ ЗА ЗДРАВЈЕ

Домашен чај од липа

Прелијте 2-3 лажички ситно сечкан сув цвет од липа и прелијте со 250 мл врела вода. Оставете поклопено 5-10 минути. За да се испотите потребно е чајот да го пиете многу топол, а за јакнење на отпорноста се пијат 2-3 шолји дневно ладен чај засладен со малку мед.

Против реума

Измешајте еднакви количини цвет од липа, цвет од бозел, медуника, златица и коњско опавче. Две лажички од мешавината прелијте со чаша врела вода, оставете да отстои 10 минути, па процедете. Пијте 2-3 шолји незасладен чај дневно.

За препотување

Ако чајот од липа не ви поттикне потење, тогаш измешајте 35 г цвет од бозел, 35 г цвет од липа и 30 г цвет од камилица. Чајот пригответе од две лажички мешавина. Пијте две шолји што потопол чај, лежете во кревет и колку можете подобро затоплете се.

СИРУП ОД ЛИПА

Прелијте 6 полни раце цвет од липа со 2,5 литар вода. Додадете 75 г лимонска киселина и на парчиња исечен лимон и портокал. Оставете да отстои еден ден. Додадете 2,5 кг шеќер и добро промешајте за да се растопи. Оставете уште еден ден на ладно со повремено промешување. Процедете го сирупот во стерилизирани шишиња и чувајте на ладно.

Температура и грип

Измешајте еднакви количини од суви сончогледови латици и цвет од липа. Една лажица од мешавината прелијте со 250 мл зовриена вода, оставете 10 минути поклопено, па процедете и засладете по желба со мед, пијте топло, по 2-3 шолји на ден.

НЕСОНИЦА

Пред легнување избањајте се во топла вода во која сте додале 4 раце липов цвет или испијте топло млеко засладено со липов мед.

ФЕРМЕНТИРАН НАПИТОК ОД ЛИПА

Прелијте 400 г цвет од липа и 20 г свежи листови од нане со 8 литри врела вода. Оставете да излади, па додадете 2 литри бело вино, 100 мл вински оцет и 1 кг шеќер. Мешајте додека да се растопи шеќерот. Покријте со газа и оставете на топло. Двапати дневно промешувајте. После една седмица, кога ќе започнат да се појавуваат меурчиња, процедете низ газа, складирајте во шишиња и оставете 2-3 месеци на темно место.

ЧИСТЕЊЕ НА КРВТА

Сварете 25 г цвет од липа во 250 мл вода додека да испари половината, а потоа течноста додадете ја во шолја млеко со 1 лажица мед. Се пие подолго време, по 1-2 шолји дневно.

ЖЕЛАТИН

Прелијте 200 мл цвет од липа со 750 мл сок од јаболка, па оставете да отстои еден ден. Процедете и додадете 1 кг шеќер за желирање. Варете 5 минути па складирајте во стерилизирани тегли.

ДЕПРЕСИЈА

Против депресија и нервоза во 1 литар вино 16 часови натопете: 10 г липа, 10 г маточина и 2 големи лажици мед. Посебно во 1 литар вода се вари 20 г ситно сечкан пиреј, толку долго додека да испари половината. Потоа се мешаат двете смеси, па се пие по една супена лажица на секој час.

ДИЈАРЕА

Против дијареа се приготвува чај од следната мешавина: по 30 г цвет од липа и камилица, по 10 г петровец и подабиче. Три супени лажици од мешавината се прелеваат со еден литар зовриена вода, се остава поклопено 1 час, па се процедува. Се пие во текот на денот.

ТИНКТУРА ОД ЛИПА

Во 200 мл алкохол се додава 3 лажици свежо набран цвет од липа. Со лажица добро се гмечи и се промешува. Оставете да отстои неколку седмици додека течноста да пожолти, а потоа процедете. За терапија се зема по мала лажичка разблажено во чаша вода.

ЗА АТЕРОСКЛЕРОЗА

Пред спиење треба да се пие чај од липа со прекини од по една седмица. Делотворно е секој ден да се изеде една помала главица варен лук, а помага и пивски квасец. Секој ден треба да зема 120 г витамин Ц кој се добива во сок од 300 мл цитрон или мандарини.

ЗА ЦРН ДРОБ

Прав од липов јаглен се зема двапати дневно по 1 лажица на гладно, помешано во чаша вода или млеко.

ЗА ИСКАШЛУВАЊЕ

Измешајте 60 г корен од сапунка, 20 г темјанушка, 20 г теснолистест тегавец, 10 г цвет од липа и 10 г цвет од бозел. Две чајни лажички од мешавината прелијте со 300 мл ладна вода, оставете поклопено 6 часа, а потоа ставете да зоврие. Тргнете на страна и процедете. Се пие 1-2 шолји дневно. Овој чај ја ублажува кашлицата и ја разредува густата слуз, па така полесно се искашлува.

Loading...