СОК ОД ЧУВАР КУЌА: Лек за желудник, цисти, миоми, хемороиди, чистење на организмот, имунитет

Чувар куќа е позната билка на нашите простори, позната како „Балканското алое вера“ а се користи за лекување на многу болести. Не само што помага за внатрешни воспаленија, туку и за болести на кожата, воспалено уво…

За чувар куќата може да се каже дека навистина е чувар на нашето здравје, бидејќи се користи за лекување на целиот наш организам и одвнатре и однадвор. Затоа, доколку сакате на најздрав можен начин да ја исползувате оваа билка, направете го овој рецепт со мед:

Потребни состојки: една голема полна чаша свежо набрани дебели листови од чувар куќа, 250 мл мед и сок од два лимона. Според друг, постар рецепт, соодносот на намирниците е следниот: 180 г лист од чувар куќа, 500 г мед и 200 мл цеден сок од лимон

Постапка: Целата постапка за приготвување можете да ја проследите во видеото чиј линк е даден подолу во текстот. Наберете 180 г лист од чувар куќа, измијте го добро и ставете во блендер или во машина за мелење месо.

Додајте мед и мешајте додека да се соединат состојките – мешајте со дрвена или пластична лажица за да нема реакции со метал.

Ќе добиете вкусна смеса, но за да не е многу „тешка“ односно слатка од медот, исцедете неколку лимони – по вкус (до 200 мл, а најдобро е со 2-3 лимони), додајте во смесата и уште еднаш промешајте.

Ќе добиете полутечна смеса. Складирајте во тегла, а теглата обвиткате ја со алуминиумска фолија за да не допира светлина до неа. Чувајте во фрижидер и јадете по 1-2 супени лажици, трипати на ден, половина час пред оброк, во текот на два месеци. Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ.

Истражувањата покажале дека оваа билка содржи органски киселини, флавоноиди, танини, шеќери, липиди и смоли кои му даваат против воспалително својство.

ЕДНОСТАВЕН РЕЦЕПТ ЗА СЕКОЈ ДЕН: Изблендирајте 10-тина листови свежо набрани и растворете ги со едначаша вода. Сокот се пие на гладно, пред оброк.

ЧАЈ ОД ЧУВАР КУЌА

Отпорноста на чувар куќата најдобро го опишува нејзиното латинско име Sempervivum, што во превод значи „секогаш жива”. Некои можеби се сеќаваат на неа како билка со која во детството ги лекуваше б олките во уво.

Не само што е украс и лековита билка, туку може и да се јаде. Многу добро оди во разни варива и супи кога ќе се стави пред крајот од готвењето. Може да се блендира и додава во разни смути напитоци со овошје или зеленчук, како додаток за подобар вкус.

За воспаление на грло одлична е да се пие како чај. Со мед, изблендирана се користи како лек против миоми на матка и разни цисти. Сокот традиционално се капнува против б олки во уво, конјуктивитис, надворешни пов-реди, из-гореници и било какви промени или оште-тувања на кожата.

Има антисептично, антибактериско и регенеративно дејство, а покрај тоа, многу пријатно освежува. Исто така, го зајакнува имунитетот, се користи кај хемороиди, кај проблеми на уринарен тракт, проблеми со штитната жлезда..

Чај: Тенко исечкани ливчиња (неколку) се варат 15 минути во 250 мл вода. Се остава да отстои, па се пие неколкупати дневно, секогаш свежо приготвен. Смеса со мед: 300 г чуваркуќа ситно исечкана се меша половина кг мед, па после неколку денови се кон-сумира по 3-4 лажички дневно.

Многу ефикасен природен лек против цисти, срцеви заболувања, таложење на ток-сините. Комбинацијата од мед и чувар куќа може да го препороди вашиот организам.

Претходна статијаЛЕК ЗА РЕЧИСИ СÈ: Ѓумбирот приготвен на овој начин ја намалува болката во зглобовите, нивото на холестерол и шеќер
Следна статијаШЕЌЕР И ВОДА: Најдобриот лек за срце и аритмија, за 5 дена се враќа нормалниот ритам