СОДРЖИ 7 ПАТИ ПОВЕЌЕ КАЛЦИУМ ОД МЛЕКОТО: Евтина намирница која го намалува холестеролот – доволна е 1 лажица неделно

Бројни намирници помагаат во намалување на холестеролот, а сусамот е една од нив. Високиот холестерол е главната причина за голем број болести, а внесувањето на одредени намирници во исхраната може да ги намали вредностите на лошиот холестерол.




Луѓето користат масло од сусам наместо други масла за готвење со цел да го регулираат високиот кр-вен притисок. Сусамот понекогаш се користи за дијабетес, висок холестерол, срцеви заболувања и многу други состојби, но сè уште не е направено пообемно научно истражување за поддршка на овие други намени.




Во храната, маслото од сусам се користи како масло за јадење и за правење преливи и сосови. Семето од сусам се додава во храната за арома. Содржи некои состојки кои помагаат да се намалат отоците и побрзо да зараснат раните.




Овие состојки исто така, може да ја забават брзината на апсорпција на шеќерот од храната. Ова може да им помогне на луѓето со дијабетес. Сусамот исто така може да ги ели-минира бактериите кои предизвикуваат плаки. Сусамот содржи калциум, кој може да помогне во лекувањето на рахитис.




Истражувањата покажуваат дека замената на другите масла за готвење со масло од сусам може да го намали кр-вниот притисок кај луѓето со хипертензија. Исто така, постојат докази дека користењето мешавина од масло од сусам и масло од оризови трици може да го намали крвниот притисок.




Сусамот и неговото масло исто така, се покажало како доста ефикасно во регулирање на нивото на шеќерот во кр-врта, па од тие причини им се препорачува на луѓето си дијабетес. Меѓу другото било забележано дека редовното плакнење на устата со сусамово масло ги намалува плаките на забите.




Сусамот содржи фитостероли кои имаат многу слична хемиска структура со холестеролот, а се смета дека редовното конcyмирање го намалува холестеролот, особено на триглицеридите. Меѓутоа, нутриционистите препорачуваат да се внимава на количината, бидејќи доволна е само една супена лажица неделно.




„Препорачувам користење на сусам за нормализирање на метаболизмот на мастите и намалување на нивото на холестерол. Ситните сусамови семчиња се одличен извор на железо, магнезиум, цинк, бакар, фосфор и растителни влакна. А содржат седумпати повеќе калциум од млекото”, вели нутриционистот Ана Дробишева.




Истражувањата покажуваат дека нанесувањето масло од сусам на коленото три пати на ден во текот на 4 недели ја намалува б олката и ја подобрува физичката функција кај луѓето со остеоартритис на коленото. Се чини дека маслото од сусам делува исто како и локалниот гел диклофенак, лек кој понекогаш се користи за б олка од остеоартритис.




Еднаш неделно во исхраната додајте по една супена лажица сусам и на тој начин збогатете го организмот со антиоксиданси и фитоестрогени. Или пак, оваа количина распределете ја во помали делови, така што ќе ја додавате во салати и разни јадења“, додаде Дробишева.




Претходна статијаКОЛАЧ ЗА ЗДРАВО СРЦЕ И МОЗОК – БЕЗ ШЕЌЕР И БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: Измешајте три состојки и обликувајте
Следна статијаКРЕМАСТ ПОСЕН КОЛАЧ – ЗА 10 МИНУТИ ГОТОВ: Брз и едноставен, често ќе го правите