Здраво на сите, се надевам дека сте добро. Како и секогаш, така и денес сакам да ви откријам еден многу вкусен рецепт за здрав колач кој се приготвува брзо, но исто така, многу е здрав.

Смесата се добива од кирикики, банани и какао. Кикириките честопати се нарекуваат „храна за мозокот“ бидејќи содржат витамин Б3, што е одличен за функцијата на мозокот, како и за подобрување на меморијата. Исто така, содржи флавоноид наречен ресвератрол, кој може да го подобри протокот на к-рв во мозокот за околу 30 проценти.

Многу студии покажаа дека конcyмирањето храна богата со ниацин, како што се кикириките, може да го намали ризикот од развој на Алцхајмерова болест за околу 70 проценти. Само една четвртина од чашата од ова овошје претставува четвртина од дневниот внес на ниацин.

Овие колачи, благодарение на високото ниво на мононезаситени и полинезаситени масти, можат да го одржат човечкото срце здраво.

Особено, олеинската киселина во кикириките може да го намали лошиот холестерол (ЛДЛ) во кр-вта и да го зголеми добриот холестерол (ХДЛ). Затоа, кикириките се во можност да спречат мозочен у дар и коронарна срцева болест со зголемување на здравите липиди во кр-вта.

Какаото како билка е позната по тоа што го штити организмот од слободните радикали (главните причинители за појава на рак), го намалува ст.ресот и деп-ресијата, штити од болести на срцето и кр-вните садови, како и од многу видови кан-цер. Но, најпознато е по тоа што е одличен извор на железо.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 260 г несолени кикирики (поделете ги на 200 г и 60 г), 2 големи банани (излупени 280 г), 3 супени лажици органско какао. ПОСТАПКА: Кикириките ставете ги во нелеплива тава и на умерен до тивок оган истостирајте ги малку додека за замирисаат убаво. Мешајте постојано за да не ви загорат.

Оставете ги да се оладат, па поделете ги во посебни садови со по 60 г и 200 г. Тие 60 г кикирики излупете ги и ставете ги во блендер, па сомелете ги со 1-2 минути миксање, не премногу ситно.

Останатите 200 г нелупни кикирки исто така ставете ги во блендер, но нив убаво измиксајте ги до пред да започне од нив да се одвојува маслото. Бананите излупете ги, па и нив сомелете ги во блендер додека да добиете пире.

Додајте ги оние 200 г мелени кикирики и додајте три супени лажици органско какао. Може да користите и обично какао, но органското е поквалитетно и богато со лековитите антиоксиданти кои му се потребни на нашиот организам.

Промешајте добро со шпатула додека состојките убаво да се соединат. На крај треба да добиете убава мазна, хомогена смеса. На работна површина отворете проѕирна-стреч фолија, и преку целата површина наросете ги крупно мелените 60 г кикирики.

Потоа рамномерно истресете ја смесата во вид на ролат, а одозгора наросете уште малку од кикириките. Свиткајте го внимателно ролатот како салама и обликувајте го со рацете. Оставете во фрижидер неколку часови за да се стегне добро. Потоа можете да го сечете и послужите. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.