КРЕМАСТ ПОСЕН КОЛАЧ – ЗА 10 МИНУТИ ГОТОВ: Брз и едноставен, често ќе го правите

Колачот е многу е вкусен, можете во било кое време да го приготвите, постапката е брза и лесна. Потребно е само да набавите посни состојки, меѓу кои и посен шлаг и бисквити од големите супермаркети на чија амбалажа е нагласено дека станува збор за посен производ.




Потребни состојки: 2 посен шлаг, 250 мл сок од јаболко или некој друг сок, 50 г кикирики исечкани крупно, 30 г ореви исечкани крупно, 30 г лешници исечкани крупно, 150 посни биксвити по желба (со чоколадо), 5-6 петит кекси, малку сок за натопување на петит бисквитите, 2 лажици шеќер и глазура по желба




Постапка: прашокот за шлаг измешајте го со две лажици шеќер и 250 мл сок од јаболка, па изматете го со миксер (малку подолго). Кога ќе згусне, во шлагот додајте сечкани лешници, ореви и кикирики. Промешајте за да се изедначи смесата.




Посните бисквити (исто така, на амбалажата треба да пишува дека се посни, а ги има обични и со какао, па одберете кои повеќе ви се допаѓаат) искршете ги крупно и додајте ги во смесата со шлагот. Промешајте и по потреба додајте уште бисквити.




Во мал калап обложен со проѕирна фолија рамномерно распоредете ја смесата и израмнете. Најдобро е да ја нанесувате лажица по лажица, а потоа малку да протресете калапот и да го потчукнете, за да излезат евентуалните виздушни празнини.




Одозгора наредете петит-посни бисквити претходно натопени во малку сок. Затворете со фолијата од сите страни и ставете го колачот во замрзнувач да отстои два часа или во обичен фрижидер преку цела ноќ за убаво да омекнат бисквитите и убаво да се стегне кремот.




Потоа извадете го, превртете го врз тацна за послужување и прелијте го со чоколадна глазура по желба. (Глазура: 50 г чоколадо со 1 лажица масло растопено на пареа).




Откако и глазурата ќе се олади и стегне, колачот можете да го сечете и послужите. Овој колач можете да го подготвите и 2-3 дена пред послужувањето и да го чувате во фрижидер. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




Претходна статијаСОДРЖИ 7 ПАТИ ПОВЕЌЕ КАЛЦИУМ ОД МЛЕКОТО: Евтина намирница која го намалува холестеролот – доволна е 1 лажица неделно
Следна статијаКОЛАЧ НА СИТЕ ВРЕМИЊА: Бајадера со ореви и плазма – ситни колачи кои сите ги сакаат