Сочна раванија со мирис на цитрус – проверен рецепт што секогаш успева
Ако барате десерт кој е истовремено едноставен за подготовка, економичен и неверојатно вкусен, оваа сочна раванија е вистинскиот избор.
Со совршено избалансиран сируп и мека структура, овој традиционален колач е идеален за семејни трпези, гости или како сладок појадок со кафе, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

📝 Потребни состојки
За сируп:
* 600 мл вода
* 400 г шеќер
* 1 парче лимон
За раванијата:
* 200 г пченичен гриз
* 200 мл кисело млеко
* 100 г шеќер
* 150 мл масло
* 1 прашок за печиво
* 2 ванилин шеќери
* 4 јајца
* 150 г брашно
* кора од 1 лимон или портокал (рендана)

👩🍳 Постапка
1. Подготовка на сирупот:
Во тенџере сипете вода и додајте шеќер. Ставете на умерен оган додека да зоврие.
Откако ќе почне да врие, додајте парче лимон и варете уште 15–20 минути додека да се добие благ сируп. Тргнете од оган и оставете целосно да се излади.
2. Подготовка на смесата:
Во длабок сад скршете ги јајцата и изматете ги со шеќерот. Додајте кисело млеко и масло, па измешајте.
3. Додајте гриз, брашно, прашок за печиво и ванилин шеќер. На крај додајте рендана кора од лимон или портокал. Мешајте додека да добиете хомогена смеса.
4. Печење:
Смесата сипете ја во намастен калап со средна големина и печете во претходно загреана рерна на 170°C околу 30–40 минути, додека да добие златна боја.
5. Сирупирање:
Откако ќе ја извадите од рерна, оставете ја да одмори околу 10 минути. Потоа избоцкајте ја со чепкалка и исечете на парчиња. Прелијте со изладениот сируп.
6. Финален чекор:
Оставете ја раванијата да впие и да се излади најмалку 1 час. По желба, посипете со кокосови трошки.
💡 Совети за совршена раванија
* Сирупот мора да биде изладен, а колачот топол – тоа е клучот за сочност.
* За побогат вкус, може да додадете и малку ванила екстракт или јогурт со повисока масленост.
* Одлично оди со кафе, чај или како десерт по ручек.





































