Home шербетни колачи СОЧЕН ГРИЗ КОЛАЧ ЗА 5 МИНУТИ…без миксер и вага…брз и едноставен…

СОЧЕН ГРИЗ КОЛАЧ ЗА 5 МИНУТИ…без миксер и вага…брз и едноставен…

СОЧЕН ГРИЗ КОЛАЧ ЗА 5 МИНУТИ…без миксер и вага…брз и едноставен…Овој колач се подготвува за само неколку минути, а потоа се пече и се полева со сируп…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

3 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша јогурт или кисело млеко
1 чаша масло
1 чаша брашно
1 чаша (200 г) гриз
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка прашок за печиво

За сируп:
2 чаши шеќер
2 чаши вода
1 кесичка лимонов шеќер или 2-3 тркалца лимон

ПОСТАПКА:

1.Пригответе го прво сирупот за да имате време да се олади. Сите состојки ставете ги во тенџере, па откако ќе зоврие варете 10 минути на умерена температура со повремено промешување.

<

2.Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со шеќер и ванила (матете 4 минути со рачна жица-маталка). Додајте масло и јогурт, па соединете.

3.Потоа додајте брашно, гриз и прашок за печиво, па промешајте за сето да се изедначи. Смесата сипете ја во намастен и набрашнет калап 30х20 см и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 30 минути.

4.Печениот колач оставете да подизлади 5-10 минути, па исечете го и залијте го со оладениот сируп.

Декорирајте со кокос, кекси и сл. по желба. Послужете изладено. Постапката погледнете ја ОВДЕ.