Генијален трик за чистење на фугите во бањата, испробате го, ќе бидете изненадени!

Бањата е едно од најсложените места за одржување, а упорната мувла е најголемата главоболка за сите дами кои упорно се трудат да се ослободат од неа.

Сепак, на TikTok постои еден многу популарен трик кој делува за само еден час, а после тоа воопшто не е потребно да вложувате напор во чистењето – нечистотијата се отстранува со еден потег!

Ако и вие имате проблеми со мувла во бањата или на друго место, задолжително пробајте го следниот производ, не чини многу, а оние што го испробале велат и дека и тоа како делува!

Сè што треба да направите е да земете парче хартиена салветка (тоалетната хартија е премногу мека и пребрзо би се распаднала), преклопете ја и ставете ја на зглобовите.

Откако ќе го направите тоа, истурете малку избелувач врз хартијата и оставете да кисне до 60 минути. Видеото погледнете го ОВДЕ:

Откако ќе го подигнете парчето хартиена салветка, мувлата едноставно исчезнува, се тврди во видеото. Звучи апсолутно брилијантно, но некои не се толку убедени во овој метод.

Прочитајте: „МОЛЕРИТЕ ОТКРИЈА ОДЛИЧЕН ТРИК ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ВЛАГАТА ОД SИДОВИТЕ: Потребна ви е само една неочекувана состојка“ОВДЕ.

„Никогаш не верував во ова, но кога го пробав бев пријатно изненадена и толку среќна, па ако и вие се двоумите, само обидете се“, коментира една корисничка на TikTok, додека друга додаде: „Мајка ми се колне во овој метод, навистина функционира“.

Меѓутоа, трет корисник напиша: „Ова нема да го реши проблемот. Избелувачите не ја убиваат мувлата, туку ја избелуваат и кога мувлата ќе се врати ќе биде полошо секој пат“.

Прочитајте: „Влагата и мувлата се тивки yбијци – направете ТЕСТ дали во вашиот дом има СКРИЕНА ВЛАГА“ОВДЕ.

Наместо тоа, друг корисник на TikTok предложи да се користи алкохолен оцет наместо белило, што звучи како помалку агресивно решение.

„Користете сода бикарбона и алкохолен оцет, смесата оставете ја да делува 30 минути, па исплакнете, а ќе заблагодите ми подоцна“, предложи тој.