Карлсбадер торта од обланди…Едноставна подготовка, а има вкус на фереро…Обландите се секогаш добредојдени при подготовката на колачи и торти.

Покрај добриот вкус, се одликуваат со едноставност и брзина на подготовка. Обликувајте ги обландите со помош на кружен калап, премачкајте ги со крем и посипете ги со лешници.

Рецептот е испробан и адаптиран од оригиналниот рецепт од книгата Es hat Ihm sehr geschmeckt – Aus der Küche und dem Leben der Katharina Schratt од Баше Баторска.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

150 г рендано црно чоколадо
125 мл слатка павлака
3 жолчки
150 г шеќер
1 лажица ванилин шеќер
150 г путер
1 пакување обланда
150 г потпечени сечкани лешници

ПОСТАПКА:

Ситно изренданото чоколадо измешајте го во топлиот крем и мешајте на тивок оган додека да се растопи чоколадото.

Потоа додадете ги изматените жолчки со шеќерот и ванилиниот шеќер.

Загрејте ја смесата со постојано мешање, но внимавајте да не зоврие. Тргнете го садот од оган, додајте го путерот исчекан на коцки и мешајте додека да се растопи и смесата да се изедначи.

Во калапот за торти наизменично редете ги обликуваните обланди, премачкајте ги со кремот и посипувајте ги со сечканите лешници. Постапката повторете ја додека да го исполните калапот., односно да го потрошите материјалот. Завршете со обланда.

Изладете ја тортата, па прелијте ја одозгора со чоколадна глазура. Декорирајте со шлаг или по желба. За да добиете кружен облик на обландата, земете калап со дијаметар од 24 см и внимателно исечете ја обландата со нож. / Сооlinarika.сom