Д-р Јованоска: Малкумина знаат дека со пробиотици може здраво и трајно да се ослабе

На сите ни е добро познат широкиот спектар на делување на пробиотиците. Почнувајќи од воспоставување рамнотежа на целокупниот метаболизам, надополнување на терапијата при земање антибиотици кои ја нарушуваат нормалната цревна флора, регулирање на проблемите со дијарeата и констипацијата, пропратна терапија за борба против вирусните инфекции, подобар имунитет, справување со стресот итн.

Но, малкумина го знаат податокот дека користењето пробиотици делува на здравото и трајно губење на тежина.

Одредени научни експерти велат дека пробиотичките бактерии имаат голема способност да влијаат на нашите гени. Токму таа теза беше предмет на истражување на група научници кои своите резултати ги објавија во реномираното стручно списание „Biofactors“.

Еве и што вели студијата!

Опсервациските студии врз животни и луѓе со зголемена телесна тежина покажале дека дебелината е поврзана со промени во составот и метаболитичката функција на цревната микрофлора и дека квалитативните и квантитативните нарушувања на соодносот на бактерии во цревната микрофлора се суштински дел од креирањето и одржувањето на дебелината.

Покрај тоа, овие нарушувања во раното детство (пр. намалени нивоа на Bifidobacterium) може да го зголемат ризикот од развој на дебелина кај возрасниот човек.

Во истражувањетo учествувале испитаници со повишена телесна тежина, кои биле поделени во три групи: првата на ниско-калорична диета, втората,исто така, на ниско-калорична диета, но и со внес на пробиотички бактерии и тоа Lactobacillus acidophilus, Bifidobacterium BB12 и Lactobacillus casei. Третата група воопшто не била на диета, туку само внесувала 3 од наведените пробиотици. Истражувањето траело 8 недели.

Активноста на гените била анализирана пред и после интервенцијата. Резултатите покажале дека кај испитаниците од втората и третата група, кои внесувале пробиотици, дошло до значитечно намалување на експресијата на генот одговорен за активирање на воспалителните процеси во организмот.

Станува збор за T-bet генот задолжен за производство на цитокин (Th1) кој го стимулира воспалувањето во организмот.

Денес е општо познато дека прекумерната количина на масно ткиво доведува до хронични воспалителни процеси, кои се основа на многу други болести. Колку e поголема количината на масно ткиво, толку е поголем степенот на оштететно ткиво во организмот, како резултат на воспалителниот процес.

Сумираните резултати од ова истражување покажале дека пробиотиците, без разлика дали индивидуално или во синергија со редукциска диета, благотворно делуваат на здравјето на личноста со прекумерна телесна тежина.

Секако, да не ја заборавиме и улогата на исхраната која во голема мера влијае на составот на цревната микрофлора, а со тоа директно и индиректно, на здравјето на луѓето. Затоа, промената на навиките во исхраната е од клучно значење во лекувањето и превенцијата на дебелината.

Она што е несомнено е дека клиничката практика денес се поинтензивно се потпира на нутритивни компоненти, како што се пробиотиците, како нова тераписка опција за различни болести, вклучувајќи ја и дебелината.

Со цел да се оптимизира ефектот на пробиотиците тие се комбинираат со пребиотици кои се нивна храна, а со цел да стигнат до тенкото црево каде го исполуваат своето полезно дејство се пакуваат во желудечно отпорни капсули кои го зголемуваат степенот на преживување на добрите бактерии.

Во некои комбинации со цел да се потенцира позитивното дејство на пробиотиците во однос на стабилизирањето на метаболизмот, подобрување на варењето и засилување на имунитетот, пробиотиците се комбинираат со витамини од групата Б, Ц или Д, екстракти од камилица, нане и цинк (прочитај повеќе на http://www.probalans.mk)

Др. Билјана Јованоска