Многу елегантна, лесна и ефикасна можност за слабеење во половината. Не треба ништо да правите, само легнете врз свиткана ролна од пешкир. Овој метод го осмисли јапонскиот доктор Фукуцуџи, автор на познатата книга продадена во повеќе од 5 милиони примероци.

Овој доктор е специјалист за карлични проблеми веќе 20 години. Според него, причината за дебелеење во пределот на стомакот е лошата поставеност на карличните коски. После низа експерименти ја утврдил вистинитоста на својата хипотеза и осмислил вежби за брзо слабеење во пределот на стомакот. Иако, според она што треба да го направите, не може да се нарече вежба, ниту вежбање.

Суштината на неговиот метод е: лежење врз свиткана ролна пешкир (валјак) неколку минути, трипати дневно. Резултат: губиток на сувишни центиметри во половината.

Значи еве што треба да се направи:

1.Направете ролна (валјак) од пешкир и фиксирајте го со некоја лента.

2.Седнете на цврста и рамна подлога (да не е тоа кревет), најдобро на под.

3.Положбата на пешкирот мора да биде точно под папокот.

4.Проверете, со показалците направете линија од двете страни почнувајќи од папокот со пешкирот. Свитканиот пешкир мора да биде малку поширок од ширината на грбот.

5.Опуштете се. Поставете ги нозете во ширина на рамената и свиткајте ги стапалата така што ќе се допираат само палците.

6.Рацете испружете ги над глава.

7.Свртете ги дланките кон долу и спојте ги малите прсти.

Искрено кажано, доста неугодна положба. Ако ви е тешко првиот пат да ги испружите рацете, не грижете се, испружете ги како умеете. Важно е да се уверите дека малите прсти се допираат на рацете, а палците на стапалата.

И тоа е тоа! Во оваа положба треба да лежите 5 минути. Можете вака да лежите 3 пати дневно, но првиот пат не подолго од 5 минути.

Не е тешко, но на почетокот постои едно непријатно, па дури и болно чувство, бидејќи вашиот костур ќе започне да се враќа во неговата природна положба. Ако ви е премногу тешко да ги издржите неопходните пет минути, започнете со минута-две и секој ден зголемувајте го времето, додека да стигнете со пет минути.

Не пропуштајте ниеден ден за да добиете стабилен резултат. Во суштина ова е еден вид истегнување. Ако го поместите валјакот под гради – ќе имате ефект подигање на градите. Ако го ставите на делот под ребрата – вашата половина ќе стане поизразена.

Само бидете внимателни, бидејќи дури и за пет минути лежење во оваа положба, коските и зглобовите се придвижуваат.

Значи, после сеансата станете многу полека. Прво на страна, па потоа седнете, па дури потоа станете. Одбегнувајте нагли движења. Секако, ако имате било какви проблеми со рбетот, грбот, посоветувајте се со вашиот лекар или ортопед – дали смеете да ја правите оваа вежба.

Дури и ако не верувате во овој метод, ништо не ви пречи да го испробате. Препорачливо е пред да започнете да го измерите обемот за да имате мерки пред и потоа, па барем за прв пат ќе бидете пријатно изненадени!

Кај мене, после петтиот пат (не се мерев после првиот) се намалија 2 см во половината, 2 см под градите и 2 см во стомакот, а висината се зголеми за 0,8 см. Тешко е за поверување, но ова е вистина! Со време се исправува држењето и добивате убаво, здраво чувство во целото тело и немате болки во грбот.

Пробајте и вие па напишете го вашето искуство во коментар. Ако некој знае јапонски, можете да го погледнете ова видео со третманот на д-р Фукуцуџи во кое учествуваат две девојки. После првиот третман едната изгубила 4 см во половината. Втората не изгубила во обемот на стомакот, но затоа пораснала за 1 см.