Здраво на сите, јас сум Елена од Русија и многу сакам да приготвувам лесни, брзи и едноставни торти. Оваа торта со вкус на сникерс е токму таква.
Се надевам дека ќе ви се допадне, многу е вкусна и кремаста, секој залак се топи во уста. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап за торти со дијаметар 20 см): 3 јајца, 80 г шеќер, 80 г брашно, 20 г какао во прав, 50 мл млеко, 30 мл масло за готвење, 1 прстофат сол, 1 лажичка прашок за печиво. ЗА КАРАМЕЛ (може да се замени со готово кондензирано млеко): 150 мл слатка павлака 33% , 150 г шеќер, 50 г путер, 1 прстофат сол, 100 г кикирики.
ЗА КРЕМ: 400 г крем сирење (маскарпоне, филаделфија…), 150 мл слатка павлака 33%, 1 лажичка ванилин шеќер, 25 г шеќер во прав. ЗА ГЛАЗУРА: 130 г чоколадо, 50 мл слатка павлака 33% и 40 г кикирики
ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете три јајца, додајте прстофат сол и 80 г шеќер, па пенасто изматете со миксер додека шеќерот да се растопи и да се добие густа пенлива смеса. Потоа, додека непрекинато матите, додајте 30 мл масло, па 50 мл млеко.
Во посебен сад измешајте 80 г брашно, 20 г какао во прав и една чајна лажичка прашок за печиво (1/2 кесичка). Просејте ја мешавината од суви состојки, па постепено додавајте ја во мешавината од течните состојки. Промешајте со шпатула внимавајќи смесата да остане пенлива.
Добиената смеса излејте ја во претходно обложениот калап за торти (хартија за печење ставете на дното и на страните), протресете, израмнете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 25-30 минути. Печениот бисквит оставете го да се олади, па отстранете ја хартијата за печење и пресечете го на три тенки кори.
Во едно тенџере ставете 150 г шеќер, па постепено растопувајте го на умерена температура додека да добиете карамел. Потоа додајте 150 мл слатка павлака и мешајте додека целосно да се растопи и изедначи. Доколку ви се чини силен огнот, уште малку намалете го, па непрекинато мешајте додека да добиете густ карамел.
Тргнете го тенџерето настрана, па во карамелот додајте 30 г путер и промешајте додека да се растопи и инкорпорира. Додајте прстофат сол и промешајте. Врз даска за сечење ситно исечете ги кикириките (претходно истостирани и оладени).
Во посебен сад измешајте ги крем сирењето и слатката павлака, па додајте ванилин шеќер и шеќер во прав. Пенасто изматете додека да се соедини во убав, мазен крем.
Во калапот со обрач ставете една кора, врз неа распоредете половина од белиот крем, израмнете, па премачкјате со неколку лажици карамел и наросете кикирики.
Одозгора покријте со 2-3 лажици од белиот крем, па поклопете со втората кора, притиснете со дланката за убаво да се залепи и повторете ја постапката.
Поклопете со третата кора и оставете ја тортата во фрижидер да се лади околу 1-2 часа за да се стегне убаво.
ЗА ГЛАЗУРА: Во сад ставете 50 мл слатка павлака и 130 г чоколадо искршено на коцки, па загревајте на товок оган додека да се растопи (не смее да зоврие). Додајте 40 г сечкани кикирики.
Промешајте и добиената глазура прелијте ја врз тортата. Оставете да се олади глазурата на собна температура или во фрижидер на 15-20 минути. Потоа може да се сече и послужи. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.