Медот и лукот се намирници кои изобилуваат со лековити својства, но ќе бидете изненадени што може да направи комбинацијата од овие 2 состојки.  Овие добро познати лекови во народната медицина лекуваат многу болести со своите моќни својства, така што луѓето со причина ги нарекуваат природни антибиотици.

Оваа смеса го зајакнува имунитетот

Комбинацијата од мед и лук му дава енергија на организмот и го зајакнува имунолошкиоот систем, па се користи како превенција од потенцијална зараза со вируси и бактерии.

Го штити срцето

Оваа мешавина ги прочистува кр-вните садови од маснотии и со тоа спречува срцев и мозочен у дари. Сè додека кр-вта циркулира непречено низ вашето тело, срцето како орган е заштитено.

Третира болки во грлото

Медот и лукот имаат големо антиинфламаторно дејство, затоа претставуваат одличен лек за борба против инфекции на грлото.

Помага при дијареа

Со помош на оваа мешавина, можете да го зајакнете дигестивниот систем и на тој начин да ја елиминирате секоја инфекција. Ова ќе го реши проблемот со течна и неправилна столица, дијареа.

Лечи сува кашлица

Медот и лукот се исклучителни во разградувањето на густата слуз, која се акумулира на дното на грлото и со тоа предизвикува сува кашлица. Оваа комбинација ја разредува секрецијата и ги елиминира воспалителните процеси. Истото важи и за синусите.

Помага при габични инфекции

Габите можат да нападнат различни делови од вашето тело, но оваа мешавина е вистинска антибактериска б омба, која е превентивен лек и во овој случај. Најдобро е да се користи превентивно, бидејќи на овој начин ја спречувате можноста од било каква инфекција.

Прави детоксикација на организмот

Мешавината од мед и лук е природен детоксикатор за вашето тело. Користејќи го овој лек, му давате втора шанса на вашето тело, бидејќи медот и лукот го ослободуваат вашето тело од сите токсини што претходно сте ги „насобрале“. Треба да се напомене дека овој природен лек е исклучително добар за стабилизирање на холестеролот во кр-вта, но и за губење на вишокот килограми.

Медот и лукот треба да станат секојдневна храна, бидејќи тие го зајакнуваат имунитетот и го подигаат од постела кога телото е најисцрпено, а како што би рекле старите – „го враќаат од мрт-ви-те“. Исечкајте 2-3 чешниња лук (што е можно поситно) и ставете ги во мала тегла мед.

Оставете ја смесата да отстои додека да се соединат состојките и лукот да го испушти својот сок во медот. Доволно е да консумирате по една лажица од овој лек секое утро, 7 дена по ред и вашето тело ќе доживее неверојатна промена.

Прочитајте ја и следната статија: Како да го прочистите организмот за 4 дена

Генадиј Петрович Малахов е популарен руски исцелител и автор на бројни книги од областа на народната-алтернативна медицина, кој живее и работи во Каменск-Шахинскиј недалеку од Ростов на Дон.

Досега има објавено повеќе од 60 книги, кои се продадени во преку 30 милиони примероци и преведени на повеќе странски јазици. Со своите книги, тој има желба да ги мотивира луѓето да го запознаат својот организам и да научат некои вештини за самоизлекување.

Многу од терапиите кои ги препорачува во своите книги вклучуваат и терапии со гладување и прочистување на организмот. Ова е еден негов рецепт за прочистување на организмот со ленено масло и зачини.

Ленот се смета за една од најстарите припитомени билки на Земјата. Лековитите својства на малите семчиња се користени за олеснување на многу здравствени тегоби и за одржување на добро здравје.

Денес ленот неоправдано се занемарува, а исклучителната вредност на неговото семе е позната само на упатените во знаењето за здрава исхрана. ​Ленот е природен растителен извор на високи концентрации од есенцијални масни киселини (повеќето незаситени), диететски влакна, есенцијални аминокиселини, и бројни други вредни нутриенти.

Лененото семе содржи витамини Б, Ц, Е, фитостероли, минерали: калциум, селен, бакар, железо, цинк, натриум, магнезиум, фосфор и калиум.

Содржи линолна киселина (омега-6), олеинска (омега-9), палмитинска масна киселина, а повеќе од половината масти содржани во ленот, се алфа-линоленска киселина (омега-3), која го прави најбогатиот растителен извор на омега-3 масни киселини (двојно повеќе од рибиното масло). Лененото семе е исто така најбогатиот извор на лигани, важни антиоксиданси.

Консумирање: Ленот е можно да се консумира во вид на семе (особено ако се сомеле за полесно искористување на неговата вредност) или поедноставно, во облик на масло.

Лененото масло е достапно во шише и во капсули, за поедноставно консумирање. Не се препорачува да се користи за готвење бидејќи не е стабилно на повисока температура и неговите масни киселини се разложуваат во штетни материи.

​Лененото масло е многу ефикасно и за надворешна употреба, за нанесување на кожата. Се користи за исцелување на лузни (не се нанесува на отворени рани), кај изгореници, воспаленија, егзема, псоријаза, кожни осипи и слично. Многу е корисно за надворешна употреба кај сува и перутава кожа.

Покрај лековитите својства лененото масло е и многу вкусно, а е супер-здрава намирница доколку за појадок се комбинира со младо кравјо сирење на кое сте му додале малку чили или црн пипер. Потребно е добро да се измешаат овие состојки, за целосно да се соединат лековите својства.

​Овој рецепт се препорачува за одржување на идеална телесна тежина и добро здравје. Најдобро е да се користи ленено масло од органско потекло.  Маслото со висок квалитет воопшто нема или има сосем малку мирис и многу благ, помалку јаткаст вкус.

Бремените жени, доилки и оние кои консумираат антикоагулантни лекови против згрутчување на кр-вта, пред консумирање на лененото масло потребно е да се консултираат со лекар.

​При чување на ова масло треба да се има во предвид неговата пречувствителност на светлина и температура, бидејќи брзо може да оксидира. Во случај на расипување, во маслото започнуваат да се ослободуваат штетни молекули од липидот пероксид, па добива непријатен вкус и остар мирис. Затоа е потребно да се чува добро затворено во фрижидер, а истото се однесува и за ленените капсули.

Рецепт. Потребни состојки: 50 мл ленено масло (1/4 чаша), прстофат ѓумбир во прав, рстофат црн пипер во прав.

​Постапка: Сите состојки ставете ги во сад и добро измешајте ги. Консумирајте наутро на празен стомак. Ова масло треба да се приготвува и да се пие само три дена.

Маслото го обложува организмот внатрешно, а зачините помагаат да се исфрлат токсините. Чистото лененото масло исто така, можете да го користите надворешно како масажа на кожа. Оваа масажа е корисна за целосно исфрлање на токсините од организмот. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска