Магдоносот е билка која традиционално се одгледува во јужна Европа, односно медитеранските земји, но и кај нас. Магдоносот е редовно присутен на нашите трпези, а има и одлични својства во однос на нашето здравје. Се користи или како свежа билка или како зачин.

Постојат неколку видови на магдонос кои се одгледуваат во Европа, а италијанскиот е најпознат и има најинтензивен вкус. Вкусот на типичниот магдонос е особено препознатлив и е комбинација од пикантен и сладок вкус. Магдоносот е неизбежен во најразличните рецепти на медитеранската кујна за подготовка на салати, чорби и билни чаеви.

Има богат нутритивен состав

Магдоносот изобилува со многу хранливи материи. Во само 30 г свежо исечкан магдонос се содржат: јаглехидрати, протеини, мал процент на масти, диететски влакна, витамин А, Ц, К, Б9 и калиум.

Магдоносот претставува богат извор на антиоксиданти

Магдоносот е богат со повеќе моќни антиоксидативни компоненти кои можат да бидат од голема корист за човековото здравје. Главните видови на антиоксидативни соединенција кај магодносот се: флавоноиди, каротеноиди и витамин Ц.

Студиите покажуваат дека флавоноидните соединенија можат да го намалат ризикот од тешки заболувања, вклучително канцер на дебело црево, дијабет тип 2 и низа на кардиоваскуларни заболувања.

Каротеноидите, односно бета каротенот и лутеинот содржани во магданосот, се поврзуваат со намален ризик од рак на белите дробови. Витаминот Ц, освен силната антиоксидантивна улога има и значајна имуностимулирачка и улога во метаболизмот на колагенот.

Сувиот магданос е побогат со антиоксиданти отколку свежиот и тоа повеќе од 15 пати.

Магданосот е одличен за коските

Ова својство главно се должи на навистина високиот процент на витамин К кој се наоѓа во магданосот. Имено, само неколку грама магданос ги обезбедуваат дневните потреби од овој многу важен витамин за коските.

Витаминот К, заедно со калциумот и витаминот Д, имаат значајна улога во метаболизмот на коските. Овој витамин според истражувањата активира одредени протеини кои влијаат на зголемување на густината на коските – мерка за количината на минерали кои се присутни во коските.

Дополнително, тој е значаен и за правилното згрутчување на кр-вта. Густината на коските е доста значајна заради тоа што значително го намалува ризикот од скршеници што е особено важно за постарите луѓе.

Магданосот е богат извор кој го заштитува видот

Лутеинот и бета каротенот се каротеноиди на магдоносот кои делуваат заштитувачки и го одржуваат здравјето на очите. Студиите докажуваат дека лутеинот мож деа превенира од макуларна дегенерација.

Бета каротенот може да се конвертира во витамин А во организмот на човекот. Токму високата содржина на бета каротен ги објаснува оние 108% во однос на дневните потреби од витамин А. Консумирање на само неколку грама магдонос во денот, се задоволува значителен процент од потребите за витамин А, кој е клучен за здравјето на очите.

Магданосот го одржува кардиоваскуларното здравје

Редовното консумирање на оваа билка може да биде од корист и за здравјето на срцето. Ваквото својство се должи пред сé на антиоксидативниот состав на магданосот, но и на неговата содржина на витамин Б9.

Според некои истражувања на голем број испитаници, најдена е поврзаност помеѓу зголемениот внес на овој витамин од храната и намалениот ризик од кардиоваскуларни заболувања, за дури 40%.

Магданосот содржи компоненти со антиканцерогено дејство

Богатиот антиоксидативен состав го прави магдоносот добар во борбата со хроничното воспаление. Хроничните воспалителни процеси кои се развиваат како резултат на оксидативниот стрес предизвикан од слободните радикали се еден главните ризик фактори за развој на хроничните заболувања, вклучително и канцерот.

Магдоносот содржи две групи единствени состојки: ароматични масла поради кои мириса толку силно и флавоноиди, кои заеднички ги елиминираат токсините од телото.

Рецепт на здравје. Со овој напиток исфрлете ги токсините насобрани во црниот дроб и намалете ги килограмите за 72 часа.

Магдоносот, исто така, ја забрзува циркулацијата, а во комбинација со лимонов сок го зајакнува имунолошкиот систем, ги намалува масните наслаги и многу успешно го намалува холестеролот на брз и ефикасен начин.

Потребни состојки: 5 стебленца целер, 1 чаша сечкан магдонос, 3 лимони, 4 чаши вода.

Подготовка: Исечкајте го магдоносот на колку можете поситни парчиња и ставете го во подлабок сад. Потоа истата постапка повторете ја со целерот и сечканите парчиња, ставете ги во друг длабок сад.

Процедете го сокот од трите лимони, а доколку кората е органска изрендајте и неколку парчиња и додајте ги во напитокот. Во блендер, додајте го сокот од лимон, сечканиот целер, сечканиот магдонос и водата.

Изблендирајте ги состојките додека да добиете густа смеса – зелено смути со многу нутриенти. Консумирајте по 2 чаши од сокот, трипати на ден на празен стомак. Односно, испијте еден дел наутро, а другите два дела од сокот испијте ги половина час пред оброк. Во текот на денот треба да јадете лесна храна, овошје и зелечнук, како и семиња, особено ленено семе.

Терапијата трае три дена, а потоа направете пауза од 7-10 дена. По изминатото време повторете ја терапијата уште еднаш. За време на терапијата, регулирајте ја исхраната и хранете се што е можно поздраво за да го забрзате процесот на детоксикација. Потребно е да испиете најмалку 3 литри вода во денот. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.