Апитоксин е латинско име за пчелин о тров. Иако е о тров, во контролирани услови е безбеден и многу корисен за здравјето на луѓето. Традицијата на употреба на апитоксинот датира од времето на антички Египет и Вавилон каде што гихтот го лечеле со оваа извонредна намирница која ја произведуваат пчелите.

Апитоксин е о тровна супстанција произведена од пчелите. Составена е од протеини, пептиди и компоненти со мала молекуларна тежина. Исто така, апитоксинот содржи шеќер, аминокиселини и минерали. Тој е течен и безбоен. При процес на екстракција и сушење, се добива белузлав прав.

Со цел да се одбрани од предаторите како другите пчели и луѓето, пчелата лачи апитоксин во своето тело преку киселите и алкалните жлезди во внатрешноста на стомакот. Поради присуството на апитоксин, убодот на пчелата е болен.

Целиот одбранбен механизам функционира со ослободување на апитоксин преку у-бо-дот. Пчелата при у-бо-дот у мира, а апитоксинот се цеди во внатрешноста на телото на из-бо-де-ното лице по неколку минути. Една пчела може да ослободи 0,1 мг апитоксин преку својот у-бо-д.

Апитоксинот има својство на зајакнување на имунолошкиот систем, го намалува влијанието на стресот, ја смирува болката, има антиинфламаторно дејство, ја подобрува циркулацијата, микроциркулацијата и ја забрзува регенерацијата на ткивата.

Според достапните историски извори, пчелниот о тров се користи за медицински цели повеќе од 5.000 години. Одредени компоненти од составот на апитоксинот го прават еден од најздравите природни лекови.

Органското соединение мелитин, кое е составено од 26 видови аминокиселини, се наоѓа во апитоксинот и има антибактериско, антивирусно и антиканцерогено дејство. Пептидите, адолапин и апамин имаат способност да го ублажат воспалението и болката без оглед на интензитетот.

Исто така, апитоксинот има изразен аналгетски ефект, го стимулира лачењето на природен кортизол. Употребата на пчелин о тров го зајакнува имунитетот и го забрзува метаболизмот. Позитивно влијае на циркулацијата на кр-вта, а со тоа и на протокот на хранливи материи и кислород низ телото.

Апитоксинот го спречува негативно влијание на стресот врз телото. Им помага на ткивото и ‘рскавицата да се обноват, а проширените вени да се излекуваат. Многу пчелари, покрај другите производи како мед и полен, собираат апитоксин. Современите технологии нудат голем број начини за собирање на пчелиниот о тров.

Наједноставниот и најмалку штетен метод е електростимулација. Стаклени плочи со жична мрежа и извор на енергија се користат заедно со регулатор на напон. Тие се поставени на долната страна од пчелните кошници. Управувањето може да биде автоматско или рачно.

Додека електричниот сигнал пулсира, а фреквенцијата е правилно поставена, пчелите се спуштаат на стаклената површина на уредот и по контакт со мрежата, настанува електростимулација. Нивните у-бо-ди доаѓаат во контакт со плочата и се ослободува апитоксин.

Важно е да се нагласи дека овој процес воопшто не ги загрозува пчелите. Некои пчелари, преку едукација од стручна литература и содржината на специјализирани интернет-страници, прават свои уреди за електрична стимулација.

Откако ќе се собере одредена количина пчелен о тров, тој понатаму се користи за лабораториско тестирање, а складирањето на собраниот апитоксин кој се додава во аптекарските лекови може да трае со години и неговите лековити својства и квалитет не се губат за тоа време.

Апитоксинотерапијата вклучува употреба на пчелни производи за лекување и спречување на разни болести. Овој неинвазивен третман има за цел да го подобри целокупното здравје на организмот.

Покрај лековитите својства на медот, саќето и прополисот, сепак апитоксинот е најскапата компонента на кошницата на пчелите. Античките Грци и Кинези користеле апитоксинотерапија и ги знаеле благотворните ефекти на пчелниот о тров. Таа е актуелна и денес во светот, а и кај нас.

Пчелните производи што се користат треба да бидат од органско потекло и со висок квалитет. Комбинирање на апитоксин со некои видови на терапии како што се ароматерапија и акупунктура не е невообичаено.

Меѓу другото, во некои земји се користи и релаксирачка терапија каде што луѓето легнуваат во соба со затворени пчелни кошници и го слушаат зуењето на пчелите, кое ги релаксира.

Важно е да се изврши прочистување, односно детоксикација на организмот преку регулирање на диетата, пред почетокот на апитоксинотерапијата. Видот и количината на пчелни производи што ќе се користат за време на третманот, како и времетраењето на самиот третман, се пропишани од страна на стручно лице.

Компаниите кои произведуваат органски креми, лосиони, серуми и мевлеми најчесто користат апитоксин како една од состојките. Овие производи се користат во нега на кожата и третман на кожни болести.

Тие се направени со комбинирање на апитоксин со други елементи како што се дестилирана вода, восок и маснотии од растително потекло, а често се додаваат и билки како алое вера, лаванда, невен, кантарион, па таквите мевлеми имаат корисен ефект врз коскениот систем.

Терапијата со апитоксин за надворешна употреба се нанесува директно на кожата во тенок слој и потребно е нежно да се истрие потребната количина на посакуваното место. Пред употреба, се препорачува да се примени многу мала количина на производ на раката за да се тестира потенцијалната алергиска реакција.

Апитоксинот има способност во заздравување на раните, а лузните ги осветлува или целосно ги извлекува. Познат е и ефектот против стареење на апитоксинот, така што многу производи против стареење и брчки ја содржат оваа супстанција. Затоа се нарекува и природен ботокс.

Повеќето луѓе немаат сериозни тешкотии и непријатности по у-бод од пчела, а симптомите поминуваат брзо. Домашниот третман е сосем доволен за ублажување на отокот и болката, а црвенилото исчезнува за краток период. Сепак, некои луѓе пројавуваат алергиски реакции по контакт на осилото на кожата и во овој случај е потребен соодветен лекарски третман и итна медицинска помош.

Апитоксинот помага во лекување на: артрозата, спондилоза, гихт, радикулитис, ишијас, псоријаза, астма, Паркинсонова болест, висок кр-вен притисок и многу други заболувања. Старите Египјани и Грци го користеле бидејќи има 50 пати поголеми лековити својства од новокаинот.

Прочитајте ја и следната статија: Зелен орев и мед – суруп кој го зајакнува имунитетот и ја лечи штитната жлезда

Имено, младите зелени ореви, кои меѓу другото се богати со витамин Ц, во комбинација со мед прават совршена комбинација која ги лечи проблемите со тироидната жлезда да работи подобро, го чисти црниот дроб, желудникот и кр-вта, но и при заболувања на грлото и респираторниот тракт.

Покрај тоа, редовното консумирање на овој сируп ќе помогне во зајакнување на имунитетот, во ублажување на проблемите предизвикани од менопаузата, но исто така и во намалување на вишокот килограми. Сирупот помага при анемија која е уште една придобивка од списокот.

Потребни состојки: 40 млади зелени ореви, 1 кг мед.

Постапка: Измијте ги и исушете ги младите зелени ореви, а потоа исечете ги на половинки или четвртини. Вака исечените ореви ставете ги во тегла и прелијте ги со мед. Потоа, оставете ја затворената тегла да отстои 40 дена на светло место.

Протресувајте ја смесата повремено, но без да ја отворите теглата. За период од 40 дена, во садот ќе се направи сируп со темна боја, благодарение на лековитиот сок што оревите ќе го ослободат во медот.

По изминатото време можете да ги отстраните оревите од готовиот сируп за употреба. Доволно е да консумирате по една лажичка сируп секое утро на празен стомак, што најдобро е да се чува на ладно и темно место. Забелешка: При сечкањето на оревите, користете ракавици, за да не ви поцрнат прстите. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска