СЛАТКО ОД ЦРЕШИ

Многу убаво старинско слатко од цреши.

Потребни состојки:

1 кг цреши
1,25 кг шеќер
1-2 ванилин шеќер
200 мл вода
1 лимон

Постапка:

Црешите измијте ги и извадете им ги семките. Додека ги чистите црешите за да не потемнат, веднаш спуштајте ги во ладна вода во која сте додале лимонтус или лимонов сок

слатко од цреши

Шеќерот сварете го со чаша вода, да добиете густ сируп.

слатко од цреши

Во шеќерниот сируп додадете ги црешите и лимонот исечен на тркалца и варете додека црешите да бидат сварени а сирупот толку густ да од лажицата капнува а не тече.

слатко од цреши

Покријте со мокра крпа и оставете преку ноќ, а потоа складирајте во чисти суви тегли.

слатко од цреши

Секоја година правам слатко од цреши, и често ми се случува да го оставам сирупот редок, па после кога ќе ги додадам црешите мора подолго да ги варам за да испари водата и ми се случува да ги преварам.

слатко од цреши

Затоа, внимавајте сирупот кога ќе го сварите да биде доволно густ за да не морате црешите долго да ги варите.