Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ

Уште една тура слатко од кајсии од 3 кг.

Потребни состојки:

3 кг кајсии
2 кесички сода бикарбона
2,700 г шеќер (3 кеси по 900 г)
1,200 мл вода

Постапка:

Кајсиите се мијат убаво, се лупат со тенко ноже и се сечат на половинки за да им се извади семката. Исчистените кајсии се пуштаат во вода во која претходно сме раствориле две пакетчиња сода бикарбона. Во овој раствор се оставаат да отстојат два часа.

Слатко од кајсии (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

Во поголема шерпа се ставаат 3 кеси шеќер од по 900 грама со 1200 мл вода. Се остава да зоврие и да се направи шербет.

Слатко од кајсии (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

Кајсиите се мијат од содата, се цедат во цедалка, па се ставаат во шербетот. Откако ќе почне да пени постојано се собира пената и се вади. Се вари околу 25 минути, но тоа зависи од кајсијата.

Слатко од кајсии (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

Слатко од кајсии (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)