Вкусни, меки пирошки кои лесно се приготвуваат и во текот на пржењето не впиваат многу масло.

Потребни состојки: 500 г брашно, 3-4 варени компири, 3 жолчки, 80 г растопен путер, малку сол по вкус, 150 г топло млеко, 1 лажичка шеќер, 40 г свеж квасец, 200 г сирење за фил +-, масло за пржење

Постапка: брашното, жолчките, растопениот путер и солта ставете ги во еден сад, додајте го квасецот претходно растворен во млако млеко и шеќер. Врелиот компир издробете го и додајте го во смесата.

Со раце замесете го тестото и оставете го да го удвои својот волумен околу 30-45 минути. Потоа размесете го тестото на набрашнета површина и развлечете кора со дебелина од околу 0,5 см.

Кората исечете ја на правоаголници со величина по ваша желба, колку што сакате да ви бидат големи пирошките. Секогаш е подобро да бидат помали, бидејќи полесно се пржат. Филувајте ги пирошките со сирење, кашкавал или шунка.

Свиткајте ја пирошката и завиткајте ги краевите да се залепат, за да не излегува филот при пржењето.

Ставете го садот со маслото да се загрее. Спуштајте ги пирошките во врелото масло ипржете ги од сите страни додека да заруменат.

Пробајте ги – ќе ви се допаднат и ќе ги направите уште безброј пати! Деталите од подготовката можете да ги погледнете на видеото: