Домашен сладолед не е тешко да се направи, а ако го сакате кафето и карамелот, тогаш не пропуштајте го овој рецепт и направете го најубавото летно десертно освежување. Особено, кога ќе дојде топлото време и летните горештини, сите најмногу му се радуваат на сладоледот.

Овој леден десерт е супер освежување, а домашниот е неспоредливо подобар од купечкиот. Ако го сакате кафето, камелот и сладоледот, тогаш запишете си го рецептот – совршена комбинација од состојки и брзата подготовка се полн погодок! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 супени лажици инстант кафе, 20 мл млеко, 100 мл кондензирано млеко, 400 мл слатка павлака (за шлаг). За декорација: карамел сос, чоколадни трошки. Кондензирано млеко можете да најдете во поголемите продавници или сами да направите според рецептите наведени подолу во текстот.

ПОСТАПКА: Во еден помал сад сипете четири супени лажици инстант кафе и додајте топло млеко, па промешајте додека сето да се растопи и зедначи. Потоа додајте го кондензираното млеко, па повторно промешајте до изедначување.

Во подлабок сад сипете ја ладната слатка павлака (ако не е слатка, додајте две супени лажици шеќер во прав или повеќе, по вкус). Изматете ја со миксер додека убаво да запени и да згусне, но не премногу.

Кога ќе започнат да бидат видливи трагите од миксерот, додајте ја мешавината од кафе и кондензирано млеко, па продолжете со матењето. Кога убаво ќе згусне и ќе изедначи, вашата смеса за сладолед е готова.

Складирајте ја во силиконски калап или пак во друг соодветен сад. Ако сакате да го извадите сладоледот во едно парче и да го сечете како торта, тогаш калапот обложете го со проѕирна фолија.

Оставете го сладоледот во замрзнувач најмалку три-четири часа. Потоа превртете го врз десертна чинија и декорирајте го со карамелен сос и чоколадни трошки, па сечете го на парчиња и послужете го како торта.

Можете да вадите и топки со специјална лажица. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. Прочитајте: Кондензирано млеко кое се приготвува за 5 минути, а по вкус потсетува на белиот еурокрем – ОВДЕ. Згответе обично млеко со шеќер и ќе добиете превкусно кондензирано млеко за вашиот омилен трилече колач, прочитајте ОВДЕ.