Фото и рецепт на Снежана Годинич – Домашно кондензирано млеко. За овој рецепт потребно е млекото да биде полномасно со најмалку 2.8% млечни масти. Може да се чува во фрижидер во стаклен сад и да се користи како намаз или да се употреби за приготвување на разни колачи и торти.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 мл полномасно млеко, 200 г шеќер, 1 ванилин шеќер

ПОСТАПКА: Од оваа количина се добива приближно 250 мл кондензирано млеко, а токму толку обично се употребува во рецептите. Ако ви е потребна поголема количина, соодветно зголемете ги состојките.




Во едно тенџере ставете 500 мл млеко, додајте ги шеќерот и ванилата, па промешајте за да се растопат. Загревајте на тивок оган додека да зоврие, па следните два часа варете го млекото на умерена температура до тивко.




Не е потребно постојано да мешате за тие два часа, но повремено проверувајте да не се зафати на дното, а секако, пожелно е да ја проверувате и температурата, односно по потреба да ја намалувате или зголемувате за да има бавно „струење“.




После 1,5 час пожелно е да се започне со мешањето, бидејќи млекото почнува да згуснува. После два часа готвење, земете со лажицата малку од смесата и ставете врз чинија. Почекајте да се олади, па на тој начин ќе ја проверите густината и должината на готвењето.




Постапката е нешто слична како кога варите шербет и ја проверувате густината. Пред крајот од готвењето ќе се подигне пена, која треба да се собере и да се отстрани. Како ќе се лади, така кондензираното млеко уште повеќе ќе се згуснува.




Кога млекото целосно ќе се олади, ставете го во стаклен сад со капак и чувајте го во фрижидер. Рокот на траење е, како што велат, еден месец, но тој податок не можам да го потврдам, бидејќи кондензираното млеко секогаш наменски го правам и веднаш го трошам (најчесто за трилече).




/ Фото и рецепт на Снежана Годинич. Ако немате време да го приготвите кондензираното млеко на традиционален начин, а сепак сакате да биде домашно, имаме уште еден рецепт со кој се крати постапката и за 5 минути можете да добиете идентично, кондензирано млеко. Рецептот прочитајте го ОВДЕ.