Рецептот за попај кифли ќе ве воодушеви пред сѐ со вкусот. Подготовката е лесна и не одзема многу време при месење, па затоа рецептот е наменет и за сите почетници во кујната.

Дефинитивно вреди да ги подготвите на овој начин. Може да се замрзнат и пред или по печењето. Тестото е меко и убаво за работа, па не треба да сте особено вешти со месењето за да ги приготвите овие кифли.

Само следете ги сите чекори и ќе ги направите најубавите попај кифли во светот. Коментар на Беки: „Навистина ова е најдобриот рецепт за кифли, ги правам постојано. Дел од нив ги замрзнувам и откако ќе се одмрзнат се исти како да се свежо испечени.“ Еве што ви не потребно:

ПОТРЕБНИ СУВИ СОСТОЈКИ: 550 г мазно пченично брашно, 10 г шеќер, 10 г сол, 1 кесичка сув квасец. ПОТРЕБНИ ВЛАЖНИ СОСТОЈКИ: 250 мл јогурт (цврст или течен, не е важно), 100 мл топла вода, 50 мл масло. И уште ќе ви биде потребно: 100 г замрзнат путер.

ЗА ФИЛОТ: 150 г крем сирење, млечен намаз или намаз со сирење (може со билки, уште подобро), 100 г свеж спанаќ, неколку чешниња лук е опција ако сакате малку поинтензивен вкус, црн пипер малку сол, 1 јајце за премачкување, сусам за наросување.

ПОСТАПКА: Веднаш на почетокот на подготовката на кифлите, издвојте 100 г путер, завиткајте го во кесичка за замрзнување и замрзнете го до употреба. Во еден подлабок сад ставете го пченичното брашно, додајте сол, шеќер и сув квасец и измешајте.

Влажните состојки соединете ги во друг сад. Прво, сипете го јогуртот, на собна температура, додајте топла вода и масло и измешајте да добиете еднолична смеса. Постепено додавајте ги сувите состојки во влажните состојки. Прво додајте половина од сувите состојки, соединете добро без грутчиња, па втората половина додајте ја на двапати.

Замесете тесто кое ќе биде меко и нема да се лепи под прстите. Вратете го тестото во садот каде што го замесивте и оставете го тестото покриено 45 минути за да се удвои во големина. По изминатото време домесете го тестото уште малку, па равлечете го во круг со дијаметар од 50 см и дебелина од половина см.

Одозгора рамномерно изрендајте го замрзнатиот путер и завиткајте го тестото во поголем ролат. Ролатот повторно равлечете го со оклагија (по потреба додавајте си брашно) во елипсовиден облик со димензии 90×25 см. Вака подготвеното тесто, сечете го во косина, така што ќе добиете помали триаголници.

Настрана подгответе го филот од крем сирење или намаз со сирење или млечен намаз со додавање на лук (по избор), сечкан свеж спанаќ (бејби спанаќ), сол и црн пипер. Во рецептот се користи зачинето крем сирење со билки, а лукот е испасиран, додека спанаќот е ситно исечкан. Сѐ е зачинето по вкус.

Филувајте ги кифличките на подебелата страна од триаголниците, па од истата страна завиткајте ги во ролат. Вака подготвените кифлички може веднаш да ги замрзнете во соодветна кесичка за замрзнување. Во тој случај, одмрзнете ги еден ден претходно и продолжете со печење според рецептот.

Дел од нив ги замрзнав по печењето, кога малку се изладија. Во тој случај одмрзнете ги еден ден претходно и испечете ги накратко, околу 5 минути. Доколку веднаш ги подготвувате кифличките, наредете ги во плех, обложен со хартија за печење и оставете ги покриени да стасуваат половина час.

Потоа, премачкајте ги со изматено јајце и наросете ги со сусам. Попај кифлите се печат 20 минути во загреана рерна на 210 степени со вклучени горните и долните грејачи. Доколку сакате да користите вентилатор за топол воздух, печете ги на ист начин 20 минути, односно до саканата златножолта боја, но на 180 степени. Деталите погледнете ги ОВДЕ.